На Американците им студи, но јас си пливам на 19 степени - Четкар на активен одмор на Флорида, по турнејата низ САД

Добивај вести на Viber

Познатиот гитарист Владимир Четкар кој изминативе два месеци одржа серија успешни концерти низ Америка,  деновиве ужива во активниот одмор низ плажите и парковите на југозападна Флорида.

-Овој одмор ми дојде како јаготка на шлагот особено после успешната турнеја во САД во која одржав концерти во некои од најпопуларните музички клубови во Њујорк, Сан Франциско, Детроит, Кливленд, Чикаго и Вест Палм Бич. Турнејата заврши со концерт во Norton Museum of Art, најпознатиот музеј во Флорида и регионот каде оваа година имав чест да настапам два пати“, раскажа Четкар за „Женски магазин“ од Флорида.

Познат како вљубеник во спортот и во природата, шармантниот охриѓанец вели дека иако локалците не поминуваат многу време на плажите во овој период, за него температурата на океанот е идеална.

-Плажите се одлични, без гужва, бидејќи на повеќето од луѓето тука им е студено за капење, а водата е 19-20 степени, но за  мене е идеална“, ни рече Четкар кој ужива во капење и на поладна температура, во неговиот роден Охрид.

Често, низ охридските плажи и низ охридските сокаци, ќе го сретнете Четкар во друштво на пријатели или со својот велосипед.. Велосипедизмот е негова голема страст. 

- За брзо се враќам во Македонија каде покрај настапите кои ме очекуваат, особено се радувам на празничниот период кој ќе си го поминам во мојот роден град Охрид во опкружување на семејството и пријателите“, раскажа Четкар.

-По природа сум космополит и насекаде се чувствувам убаво меѓутоа во Охрид ми е гравитацијата најсилна, воздухот најубав и аурата на градот најволшебна. Сепак Господ таму ми дал душа“, рече Четкар во претходно интервју за Женски магазин.

Доаде дека никогаш нема да ја заборави турата низ Пелопонез во Грција, која му била најголем предизвик кога морал да вози и по 100 километри дневно, со полна опрема и низ планини.

За својот приватен живот, Четкар тогаш кусо ни одговори: Да, имам партнерка, меѓутоа сепак тоа е нешто кое сакам да остане моја приватност.“

М.Џаровска

Фото: Приватна архива