ЕПП // ЕПП
На денешен ден пред 5 години, тажната вест ја потресе македонската јавност: Во сеќавање на пејачот Влатко Илиевски
Утрото на 7 јули тажна вест ја потресе македонската јавност. Засекогаш не напушти пејачот Влатко Илиевски.
Безживотното тело на Влатко било пронајдено во неговиот автомобил, по анонимна дојава во полиција, по што веднаш бил извршен увид на лице место. Од него се простуваа сите колеги, пријатели, роднини и обожаватели.
Влатко Илиевски ќе остане запаметен засекогаш. Тој беше македонски пејач, актер и водител. Кариерата ја започна во 2000 година. Во 2010 ја претставуваше Макеоднија на Песна на Евровизија со песната Русинка.
Пред да ја почне соло кариерата, Илиевски беше фронтмен на групата Морал.
Во 2010 година Влатко дипломираше актерство на Факултетот за драмски уметности во Скопје.