На денот кога Вухан повторно се отвори: Ве молам учете од нашите грешки
Жителите на
градот, кој беше во фокусот на епидемијата, велат дека ситуацијата во остатокот
од светот потсетува на онаа во Вухан на крајот на јануари, и дадоа практични
совети како да се преживее блокадата
Кинескиот град Вухан, каде за прв пат се појави коронавирусот,
конечно ја укина блокадата по 11 недели тежок карантин, откако се намали бројот
на пациенти и смртни случаи.
Бидејќи излегуваат од долг карантин, жителите на
Вухан споделуваат лекции што ги научиле од епидемијата и испраќаат зборови за охрабрување
и поддршка до остатокот од светот што моментно се бори со оваа сериозна болест,
пренесува Би-Би-Си.
„Се надевам дека луѓето можат да учат од Вухан,
така што другите да не треба да жртвуваат толку многу и да прават помалку
грешки. Сите ќе бидеме подобри кога само светот ќе ја надмине пандемијата“ истакнува жителка на Вухан во видеото на Би-Би-Си.
Блокадата
во Вухан беше укината вчера, 8 април.
Речиси три месеци, кинескиот град со 11 милиони
луѓе беше отсечен од остатокот на земјата и светот.
„Кога ги гледаме месеците што поминаа, тоа беше
многу важен период во нашите животи. Спомените се скапоцени, но и застрашувачки“ изјави една брачна двојка.
Друга жителка, не го опишува карантинот како жртва,
но претпочита да каже дека градот дал се од себе за да се бори против
пандемијата, заедно со целата земја. „Сите
што останаа дома придонесоа за тоа“, додава таа.
Другата девојка опишала како првично ја сметала
блокадата неханлантно и воопшто не сметала дека е неопходна. „Но, потоа имаше недостаток на материјали, се појави
екстремен страв и не можев да спијам“, споделува девојката.
Лекарите и медицинските сестри се молеа преку
Интернет за медицинска опрема, пациентите велеа дека нема повеќе легла на
располагање и не може да се лекуваат.
„Со текот на времето, пристигна опрема во Вухан и
дојдоа медицински екипи од целата земја. И тогаш, бројот на нови случаи полека
почна да опаѓа“ потенцира девојката.
Најнезаборавни моменти за време на блокадата
Жителка на Вухан изјави дека таа можела да купи
брашно и месо преку соседска група, па решиле да направат кнедли. „Татко ми вторпат по 30 години направи кнедли, последен
пат кога бев во градинка“, се сеќава таа.
Една жена раскажа како нејзиното момче вложило
многу напор и ѝ помогнало да го прослават Денот на вљубените и роденденот за
време на изолацијата. „Само што сакав да
излезам, затоа ти купив и торта“, се пошегувал со неа, нејзиното момче.
Таа додава, дека покрај тортата тој купил и
цвеќиња. „Тој појде во продавницата и купи
месо, дури и зготви“, се сеќава девојката.
„Слушајте се често со вашето семејство, особено
ако не живеат во епицентарот на пандемијата. Ќе бидат загрижени, треба да им
кажете како сте. Разговарајте многу со партнерот. Многу ретко паровите
поминуваат заедно 24 часа на ден и тоа неколку месеци, поради што нивните
недостатоци стануваат видливи. Не карајте се“ советува жител на Вухан.
Ако работите од дома, треба
да ја одделите вашата работа и приватниот живот. „Во спротивно, ќе полудите“, додава тој.
Повозрасна кинескиња споделува, дека треба да го искористиме
карантинското време за да сториме нешто за што претходно сме немале време.
„Читајте, гледајте телевизија, играјте видео игри,
поминете време со семејството“, додава таа.
Совети за
остатокот од светот
„Она што се случува сега во остатокот од светот
изгледа многу слично на она што се случуваше во Вухан кон крајот на јануари и
почетокот на февруари. Го разбирам очајот што луѓето сега го чувствуваат “
истакна девојка од Вухан.
Ако се чувствувате вознемирени, депресивни и лути,
тоа е нормално, велат жителите на Вухан.
„Блокадата не ве лишува од слобода, тоа е
експертски метод за борба против заразна болест, за да ја вратите вашата
слобода што е можно поскоро“ велат жителите на Вухан.
Видео: BBC News
Фото: Tanjug/AP
(ФОТО) Единствените места на планетата каде (сè уште) нема коронавирус