Вухан се враќа во живот: Рано е да се чувствуваме пријатно меѓу луѓе
Во милионската кинеска метропола Вухан, каде што прво се појави коронавирусот, постапно се враќа вообичаениот живот. Минатата недела владата во Пекинг најави крај на ригорозните ограничувања на слободата на движење во Вухан. Автобусите повторно возат, киносалите се отворени, во функција се и шест од 9-те линии на подземната железница.
По повеќе од двомесечна забрана за движење, враќањето во нормален начин на живот за многу граѓани не е едноставно, пишува Дојче веле.
Жителите на Вухан велат дека ќе треба да помине време за да почнат повторно да се чувствуваат добро помеѓу луѓе. Многумина не брзаат да излезат надвор. Додека епидемијата целосно не помине, подобро да останеме дома – велат вуханци.
Три месеци подоца, со целосно сознание дека изолацијата била неопходна за да се спречи ширењето на заразата, жителите на Вухан, сепак, сметаат дека властите не развиле механизам на помош за да можат луѓето да ги задоволат основните потреби во оваа екстремна ситуација. Моравме да се снаоѓаме сами, велат жителите на градот од каде тргна епидемијата. Некои семејства поради лекувањето биле разделени според симптомите и возраста, а правата на граѓаните од почетокот беа занемарени од градските власти, збалежуваат вуханци.
Иако властите уште од почетокот на март почнаа да зборуваат за победа врз коронавирусот, граѓаните дури и сега не мислат дека е време за победничка прослава и очекуваат да биде спроведено темелно истражување за причините кои доведоа до пандемијата и да се изнајде подобар начин за превенција во слични ситуации.