На колку степени треба да се пере облеката во машина за да се уништи коронавирусот?
Одговорот го дадоа британски експерти
Бидејќи облеката е една од високо-ризичните преносители, каде бактериите се задржуваат и може да биде опасна за оние кои делат стан или дом со други членови на семејството, експертите ги откриле најдобрите пракси за да спречат заразување со коронавирус преку перење на облеката.
Како што се шири вирусот, луѓето препорачуваат перењето на облека да биде на највисока можна температура, за да се елиминираат бактериите.
Сепак, според мислењето на професионалци, тоа не е потребно.
Поточно, британските експерти откриваат дека перењето облека на 60 степени е доволно.
- Општо е погрешно сфаќањето дека луѓето треба да ја перат облеката на највисока температура за да убијат бактерии, но тоа не е потребно. Тестовите докажаа дека перењето на 60 степени, со добар детергент, е сосема соодветно за убивање на бактерии - рече Сузан Фермор, портпарол на компанијата „dr. Beckmann“.
„Само проверете дали секоја облека се пери на оваа температура пред да ги ставите во машината за перење, за да не ја оштетите гардеробата“, заклучи таа.
Во моментов е нејасно колку време вирусот може да преживее на ткаенина, но многу предмети од облека имаат пластични и метални елементи на кои може да живее неколку часа до неколку дена.
Добрите практики што треба да се земат предвид вклучуваат отстранување на чевлите кога влегувате во вашиот дом и се преслекување во чиста облека кога се враќате дома.
* Како се пренесува Ковид-19: Облека, храна и работи за кои не треба толку да се грижиме