На крајот, сите ќе го покажат своето вистинско лице!
На крајот сите ќе го покажат своето вистинско лице, само е потребно доволно долго и доволно добро да набљудувате.
Сите на крајот се уморуваат од животот, стануваат уморни од сите лажни насмевки и од светот кој не е онаков каков што очекувале, а најмногу се уморуваат од држањето маска на лицето, па имаат силна потреба да ја оттргнат од себе.
На крајот сите ќе го покажат своето вистинско лице, и тоа ќе биде во моментите кога нема да очекувате. Човек се уморува од докажувањата дека е совршен, дека има позитивни ставови и во тешките времиња. Најмногу се уморува од луѓето кои го нервирале, кои по секоја цена го искористувале. Човек се уморува зборувајќи за другите, решавајќи ги туѓите проблеми, се уморува од себе, од своите исти ставови, исти очекувања, а на крај пак разочарувања. На крајот ќе биде покажано вистинското лице, кое до тогаш било полно со козметика и шминка.
Човек ќе се умори кога ќе заврши претставата и кога повеќе нема да треба никому да докажува ништо. Ќе се умори кога ќе сфати дека улогата која ја играл, не била воопшто вредна. Но, кога една претстава завршува, започнува друга, а тогаш новата улога треба да се игра помудро. Таков е животот, на крајот сите ќе го покажат своето вистинско лице, а тогаш треба да сфатите кои се актери, а кои вистински луѓе.