На откривањето на полот на бебето идниот татко заборави на мајката: Наместо со девојката, славеше со пријателите (ВИДЕО)

Наместо да ужива во моментот со својата бремена девојка, тој не ја ни погледнал, туку тргнал кон своите пријатели и почнал да просласува...

Во последните неколку месеци во тренд се забавите и спектакуларните начини за откривање на полот на бебето. Ваквите собири започнаа на Запад, а ниту мајките и татковците од кај нас не останаа имуни на ова.

Идните родители се натпреваруваат чие откривање на пол ќе биде понеобично и поинтересно и на Интернет може да се најдат различни видеа. Меѓутоа, некогаш откривањето на полот може да биде спектакуларно само за таткото, додека мајката останува запоставена, како што ѝ се случи на Хана Карверли (18).

Откако го откриле полот на бебето, нејзиното момче Тревис (19) не ни погледнал во својата девојка, туку притрчал кон другата свои пријатели. Ни по неколку обиди Хана не можела да дојде до него и да ја сподели радоста.

Ова видео го сподели на својот профил на социјалната мрежа ТикТок. Имено, Тревис со бејзбол палка го крши топчето во кое се наоѓал прав, што означувал дека Хана носи момче.

Наместо да ужива во моментот со својата бремена девојка, Тревис не ја ни погледнал, туку тргнал кон своите пријатели и почнал да прославува. Иако ова била неговата првична реакција, идниот татко продолжил да прославува со приајтелите, а Хана била оттурната.

@hannah.j.c16 We’re sooo ready to meet you @travisgober Boy - Lee Brice

Несвесни за ситуацијата, заедно со идниот татко, никој не ја забележал идната мајка. На крајот од видеото Хана едвај успеала да му се приближи на Тревис, кој и понатаму се прегрнувал со пријателите. Видеото набрзо стана вирално и има повеќе од 20 милиони прегледи за помалку од една недела.

Истото, предизвика и голема бура на Интернет, а многумина го осудија младиот иден татко.

„Хм, а што е со мајката на детето?“, „Би била многу вознемирана да сум на твое место. Среќна сум поради тебе, но би требало прво со тебе да се радува“, „Сирота девојка. Толку е тажно да се гледа како ја тргаат од патот. Заслужуваш подобро од ова“ - се само дел од коментарите под видеото.

Во едно од наредните видеа идната мајка се обиде да објасни дека сѐ е во ред и застана во одбрана на своето момче.

„Не сум вознемирена, добро сум. И самата се смеев што сите скокаат на него. Тој знае дека погрешил и се чувствува ужасно. Тој е најдоброто момче на целиот свет и ќе биде најдобар татко, така што сѐ е во ред. Сега може да го оставите на мира“ - кажа идната млада мајка, а потоа додаде:

„Не мислев дека направил нешто лошо додека не почнав да ги читам коментарите. Она што луѓето не го видеа е дека дојде, силно ме прегрна и ме бакна веднаш потоа. Бевме пресреќни и возбудени“.

@hannah.j.c16 Reply to @joley_rose I promise it’s okay y’all @travisgober original sound - Hannah

фото: Принтскрин / ТикТок