На премиерата на својот филм се појави во никогаш полошо издание: Џеј Ло разочара со изборот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Џенифер Лопез со оваа модна комбинација шокираше многумина, сите се прашуваат зошто го облекла овој фустан...

Пејачката и актерка Џенифер Лопез се појави на премиерата на својот нов филм „Shotgun Wedding“ во Лос Анџелес, а со изборот на модната комбинација ги шокираше своите обожаватели - поголемиот број сметаат дека под итно мора да ја промени личноста која ја стилизира, и дека во изминатиот период немала толку лоша комбинација.

Латино дивата на црвениот килим се појави во фустан од проѕирен материјал, прекриен со златни светки. Креацијата е дело на модната куќа „Валентино“, а раскошниот долг фустан се шири кон дното, поради што се остава впечаток дека ѕвездата на романтичните комедии носи долга наметка. Под „голиот“ фустан ѕиркаше бодито во бежова боја, кое беше украсен со жолта панделка, која ѝ беше врзана околу половината.

Оваа необична комбинација ја надополни со елегантна пунџа и впечатливи парчиња накит, меѓу кои посебно се истакнуваат висечките сребрени обетки, како и жолтата чанта, која е од брендот „Tyler Ellis“. Но, изгледа дека чевлите ги собраа сите критики! Имено, најчестите коментари беа дека такви обувки често може да се видат во стриптиз баровите.

Меѓутоа, доколку ја оставиме облеката на страна, во ова издание, Џенифер го истакна своето извајано тело, сите мускули ѝ дојдоа до израз. Уште еднаш покажа дека секоја жена по 50-тата година може да изгледа подобро од многу помлади девојки.

фото: Принтскрин / Инстаграм