На телевизија е секогаш средена, а на плажа вистинска „бомба“: Јована Јоксимовиќ никогаш не сте ја виделе во ова издание, изгледа брутално

Добивај вести на Viber

Јована Јоксимовиќ само еднаш има овјавено фотографија на која позира во бикини.

Јована Јоскимовиќ е едно од најпознатите српски ТВ лица, а на новинарската сцена е присутна веќе неколку децении. Таа постигна одлични резултати во сите медиуми во кои работеше, а моментално ја води утринската програма на телевизијата К1. Покрај нејзината блескава професионална кариера, голем интерес има и за приватниот живот на Јована. Познато е дека таа веќе подолго време е во брак со пејачот Жељко Јоксимовиќ, а интимните моменти ретко ги споделуваат на социјалните мрежи. За разлика од нејзините колешки, таа воопшто не се фотографира приватно. Дури и на плажа избегнува да се слика во бикини.

Сопругата на Жељко Јоксимовиќ роди три деца, но и покрај тоа успева да ја одржи својата линија.

Сепак, најчесто ја гледаме во фустани или поскромни комбинации, а на нејзиниот профил има само една слика во костим за капење.

Фотографијата е стара неколку години, а на неа се гледа Јована на јахта со нејзините пријатели. Ова  издание на популарната водителка докажува дека успеала да ја врати фигурата по породувањето.


Фото:jovanajoksimovic/instagrm