„На тетка ми ѝ беше забрането да влезе во клуб во Грција, еве зошто“: Искуството на оваа девојка е врвот на некултурата
Таа вели дека овој инцидент ги повредил и ги оставил без зборови бидејќи ваквото однесување е навредливо и неприфатливо
Девојката Бела Тирико им се пожалила на следбениците за грубоста на вработените во популарен клуб на плажа на овој многу популарен остров во Грција.
Внуката, преку TikTok се пожали дека обезбедувањето во клуб на плажа на грчкиот остров Миконос и забранило на нејзината тетка да влезе во клубот, тврдејќи дека е „премногу дебела“.
„Нормално, никогаш не објавувам вакви работи, но премногу сум потресена и морам да го споделам искуството што го имав во Миконос, Грција“, напиша таа во долгата објава под видеото од маж на влезот од клуб на плажа како мавта со неговата рака во објаснување со гостите.
„За време на одморот, тетка ми и јас решивме да го посетиме Скорпиос, клуб на плажа за кој многу слушавме. Не ни сонував дека оваа посета може да се претвори во инцидент кој не‘ остави без зборови и длабоко повредени", продолжи девојката, објаснувајќи како тетка ѝ е многу убава жена, но обезбедувањето на влезот во клубот ѝ рекол дека не може да ја пушти да влезе.
„Причината? Тие рекоа дека е „премногу дебела за да ја пушти да влезе“.
„Таквото однесување е навредливо и во исто време неприфатливо. Никогаш не треба никого да судиме врз основа на неговиот изглед. Ова искуство не го споделувам за да го критикувам персоналот, туку за да ја подигнам свеста за важноста на љубезноста и вклученоста. Сите се убави и вредни и секој заслужува почит. Запомнете, вредна е само убавината што ја носиме во себе. Да шириме љубов, добрина и разбирање, не само на Миконос туку насекаде“ – напишала револтираната внука.
Таа продолжи и покажа како обезбедувањето тогаш, без дополнителни прашања, им дозволило да влезат на девојките кои немале ни резервација. На крајот покажа фотографија од нејзината тетка, а потоа и видео од маж кој ѝ влегол во лице додека ја снимал со мобилен телефон.
Таа додаде дека им било кажано дека таму е забрането снимање.
Следбениците беа подеднакво запрепастени, оставајќи повеќе од 11.000 коментари на видеото. Тие ѝ препорачаа да остави негативни критики на Google review или Trip Advisor.
„Воопшто не е дебела, прекрасна е“, напишал еден следбеник.
„Кога бев во Миконос, келнерот ме праша дали сум Американец затоа што имам многу големи стапала. Носам број 40“, го споделила своето негативно искуство друга жена.
Нагласуваме дека внуката оттогаш го отстранила ова видео од својот профил на TikTok од за нас непознати причини.
Фото и Видео: Инстаграм/ТикТок
Извор: жена.рс