На вакво богатство секој може да му позавиди: Пере Нокаут покажа дека ова е сѐ што му треба во животот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фронтменот на музичката група „Нокаут“, Пере Нокаут објави фотографија на социјалните мрежи од негово најголемо богатство – ќерките.

Минатата година тој стана татко по четврти пат, кога се роди најмалата Ирис.

„За сите деца да биде сонце“, е описот на фотографијата што ја објави Пере.

Со неговата втора сопруга Јована, ја има ќерката Софија, а од првиот брак пејачот има уште две ќерки, Михаела-Миа музичарка и пејачка и Каја.

Фото: Инстаграм