На вујче му се доверував за симпатиите: Внукот Кристијан се сеќава на Тоше
Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески имаше само 9 години кога загина неговиот вујко. Tоше со многу љубов зборуваше за внуците од сестрата Дора и зетот Славен, постариот Кристијан и помалиот Никола кој има 14 години.
Кристијан денес има 20 години и студира на Универзитетот ЕСРА во Скопје. Дека ќе тргне по стапките на вујко му, јавноста виде по дуетот „My Little One“, кој е дел од англискиот албум „The Hardest Thing", кој е промовиран во 2009 година.
Кристијан денеска, на 11 годишнината од смртта на Тоше сподели црно-бело фотографија како сеќавање на вујко му за кој беше многу врзан.
„ Едвај го чекав да дојде во Крушево. Игравме фудбал заедно, му се доверував за симпатиите во училиште. Тој не ми беше само вујко, туку и пријател“, изјави Кристијан.
Тој лани во Загреб, се сретна со продуцентот Енди Рајт од Лондон, кој соработуваше и со Тоше. „Му рече дека има зрел глас и убава боја и изрази желба да снимаат заедно“, изјави таткото на Кристијан, Славен.
Тоше со внуците Кристијан и Никола
И Никола неговиот помал брат, иако медиумски не е експониран е музикален. Тој свири тапани. (М.Џ.)