На жената ѝ треба партнер, а не проект: Четири совети од Џулија Робертс кои ќе допрат до срцето на сите жени

Џулија Робертс, актерка која зрачи со позитивна енергија преку магична насмевка, ѕвездата на филмот „Јади, моли се, сакај (Eat, Pray, Love)“ и (базиран според книгата на Елизабет Гилберт) и „Pretty Woman“ во зрелите години промени многу работи во својот живот - од ставот, прифаќање на природниот изглед, медитација и поедноставен поглед на животот.

Покрај работата, актерката, како што наведува, се труди што повеќе време да поминува во семејниот дом со своите најблиски, а како што се зголемува бројот на свеќи на нејзината торта, таа се повеќе инсистира дека „женската убавина доаѓа од внатре". 

Ви пренесуваме четири моќни пораки од Џулија Робертс за изгледот, љубовните врски и животот - кои ќе послужат како инспирација за многу жени:

„Совршеноста е болест на многу жени. Ги покриваме нашите лица со тон шминка. Редовно си вбризгуваме ботокс и се изгладнуваме за „совршен изглед“. Се обидуваме да поправиме нешто што воопшто не ни треба. А она за кое прво треба да се грижиме, останува без наше внимание“.

„Жените не се центар за рехабилитација за мажи. Тие не мора да ги чуваат, менуваат и да се грижат за нив. На жената ѝ треба партнер, а не проект“.

„Колку жената старее, толку повеќе нејзиниот внатрешен свет се рефлектира на нејзиното лице...“

„Апсолутно не сакам од своите деца да правам мали генијалци, мали актери, мали успешни бизнисмени. Сакам децата да влегуваат во куќата валкани и со мирис на пот, прашина и сонце“.

Понекогаш забораваме дека нашата внатрешна убавина, енергијата што ја негуваме во себе е многу поважна од сите надворешни работи кои прават да блеснеме пред околината.

Затоа трудете се секој ден да одвојувате време за себе, за вашите соништа, желби, мали ритуали. Во себе носете искра на љубов и радост – тогаш годините, брчките и килограмите стануваат само небитна бројка.

извор:zenskikutak