Над 40 години и со рамен стомак: Ѕвездите ни откриваат како

Добивај вести на Viber

По 40-тата година, се чини дека сè е изгубено. Се појавуваат брчки, стомакот никогаш не исчезнува, кожата станува посува, генерално - старост-несреќа.


Се разбира дека не мора да биде така, денес 40 се новите 20, се додека кон нашето тело се однесуваме и го третираме правилно.



Холивудските ѕвезди на пример, тие се упорни и со зацртана цел. И тие се луѓе и имаат хормони и менопауза, но сепак успеваат да го задржат своето тело флексибилно и здраво.

Шер – Редовни тренинзи



Таа има 70+ години, но на нејзиното тело и завидуваат многу 30-годишни девојки. Таквото тело се одржува со тренинзи 5 пати неделно. Да, таа има тренер и може да го плати, но вие можете на интернет да најдете безброј бесплатни фитнес водичи со многу вежби за сите делови од телото.

Едноставно мора да бидете строги, како што имате навика за одење на фризер. Тренирајте секој втор ден и само за еден месец ќе бидете воодушевени од резултатот. Тогаш нема да сакате да запрете.



Џенифер Лопез – Детски режим на исхрана


Џеј Ло има 51 година, но знаете како изгледа таа. Покрај тренинзите (жал ми е , девојки, не можете да направите стегнат стомак без нив), таа практикува диета која лесно се применува.

Таа јаде како дете - појадок (ништо тестенини), овошје во 10 часот наутро, ручек (без леб), попладне ужина (моркови на стапчиња, оризови галети) и рано вечера.

Нејзиното мени е полно со овошје и зеленчук, таа не заборава на корисните продукти како месо и риба, но не јаде ништо конзервирано. Не е тешко да се практикува, зар не?



Хали Бери - Здрав сон за здраво тело

И Хали Бери тренира 5 пати неделно, но за да не и стане досадно, таа тренира различни тренинзи вежба јога, бокс, пливање и напорни вежби. Но, она што таа секогаш го практикува е 9 часа спиење секоја вечер. Не останувајте до доцна. Добивањето доволно сон е исклучително важно за правилен метаболизам. А, кога се чувствувате поспано, имате тенденција да јадете повеќе, бидејќи на организмот сè уште му е потребна енергија за да работи.



Ева Лонгорија - Без шеќери


Три месеци без леб, тестенини, ориз и колачи. Многу зеленчук (спанаќ, брокула) и некои овошја. Се разбира, не пропуштајте го месото и рибата. Тие даваат енергија на мускулите.




Џенифер Анистон - Мали порции


Јадете колку што има во порцијата. Ако јадеме многу голема порција, телото го задржува во форма на маснотии за да има во моментите кога има недостаток на храна.

И покрај изобилството во кое живееме сега, внимавајте на тоа. Затоа, имајте помали порции и јадете почесто. Тоа е она што го практикува Џенифер Анистон и поради овие здрави навики таа изгледа одлично.


Извор: edna.bg

Фото: Getty/Guliver

Светките ѕвезди во природно издание: Селфиња кои мора да ги видите