Нада Топчагиќ итно е примена во болница: „Ја однесов во Ургентен центар, ми рекоа дека мора да остане“

Добивај вести на Viber

Пејачката Нада Топчагиќ итно била примена во Ургентен центар, како што пренесува српски „Блиц“, а за нејзината здравствена состојба се огласил и нејзиниот сопруг Златко.

„Нада синоќа била примена во болница, имала силни стомачни болки, па ја задржале во болница на хирургија, за да се направат дополнителни прегледи - изјавил вечерва за „Блиц“ добро упатен извор.

Ова сознание го потврдил сопругот на пејачката.

- Настана огромна врева. Нада е добро, свесна е, синоќа и беше лошо и ја однесов во болница. Лекарите рекоа дека мора да остане за да направат дополнителни прегледи - изјави сопругот на пејачката.

- Нејзиниот живот не е загрозен. И претходно имаше проблеми со стомакот, но не го реши и сега е време за тоа - додадл тој за „Блиц“.

Да потсетиме, Нада Топчагиќ со децении ужива во хармоничен брак со сопругот Златко Ѓорѓевиќ. Освен што двајцата се животни сопатници, голема поддршка во кариерата и е и сопругот на пејачката. Од бракот го имаат синот Микица и внуците, а како одминуваат годините се почесто бегаат од градот во својата викендица на Тара.

Фото: Фејсбук
Извор: Blic.rs