Најчеста метода за корекција на диоптрија во Систина Офталмологија дури и во услови на Ковид – 19

Добивај вести на Viber

Бројот на интервенции за ласерска корекција на диоптрија се зголемува за 30 отсто од година во година, објави американскиот Совет за рефрактивна хирургија, на почетокот на 2021 година. Повеќе од 220 илјади ласерски корекции се направени оваа година како резултат на зголемената грижа за здравјето и безбедноста. 

„ Континуираното зголемување на ласерските корекции на видот, го потврдува тоа што го слушаме од рефрактивните хирурзи. Пандемијата го стави во фокусот здравјето на очите и луѓето избираат да дадат приоритет на инвестицијата во видот. Во текот на минатата година кога пандемијата започна, луѓето имаа време повеќе да размислуваат и да истражуваат за корекцијата на видот, и тоа имаше влијание на 190 милиони Американци“ 3 - вели претседателот на американскиот Совет за рефрактивна хирургија,  Jim Watchtman.

За време на пандемијата препораките на лекарите се да не се допира лицето и очите за да не се шири заразата со вирусот Ковид-19,  но очите страдаат од т.н. синдорм „суво око“  кој се јавува поради прекумерното седење пред екраните заради онлајн работење и учење.  Носењето на маски, пак, предизвикува замаглување на очилата и нивна недоволна функционалност. 

„ На самиот почеток на пандемијата Систина Офталмологија успешно ги воведе и спроведе сите безбедносни протоколи и обезбеди континуитет на грижата за очите кај сите пациенти. Тоа се однесуваше и на ласерската корекција на диоптрија. Оваа интервенција дури и во услови на пандемија се покажа како безбедна и ефикасна опција, за луѓето кои бараат третман за кратковидост, далекувидост и астигматизам, и кои не сакаат да носат очила или контактни леќи. На нашиот рефрактивен оддел, во партнерство со клиника Свјетлост од Загреб успешно ја работиме ласерската корекција на диоптрија и сме оперирале повеќе од 15.000 очи. А за оние кои се во старосната група над 45 или на оние кои од различни причини не можеме со ласер да им ја отстраниме диоптријата, им овозможуваме јасен и колоритен вид вид без очила и леќи преку кратки хируршки интервенции со вградување на мултифокални леќи. Искуството кое пациентите го добиваат преку успешноста на третманот и грижата со која им се посветуваме во нашата болница за време на интервенцијата но и после неа, ги прави долгорочни и лојални пациенти” вели д-р Гилевска, специјалист офталмолог од Систина Офталмологија.


ПР објава