НАЈДЕНА ПОРАКА ВО ШИШЕ СТАРА 132 ГОДИНИ: Кој ја испратил?
На австралиската плажа Веџ Ајланд, Тониа Илман пронашла старо шише кое, кога му се доближила, видела дека носи порака. Застанала затоа што шишето и се допаднало и посакала да го земе и да му најде место во својот стан.
Шишето го однела дома, ја извадила пораката и открила дека пораката е од 1886 година.
Пораката е всушност германски формулар на кој стои датумот 12 јуни 1886 година. Шишето било фрлено од германски брод на 950 км од австралиската обала. Целта на пораката во шише фрлено во море била научна. Во далечниот 19 век, германската океанска опсерваторија од Хамбург ги изучувала морските пловни текови и правела експерименти во таа насока.
Пораката е ставена во шише од холандски џин. Оваа порака во шише фрлена е во морето е најстарата било кога пронајдена.
Откритието му е доверено на музејот на Западна Австралија.