Најдобри фризури за тенка коса: Тие се многу популарни ова лето

Добивај вести на Viber

Најдобрите фризури за тенка коса се оние кои ќе и дадат волумен и здрав изглед. Понекогаш трикот е во стајлингот, а понекогаш само треба да ја скратите косата на вистински начин.

Може да биде многу забавно да ги испробате најновите фризури, но често е најдобро да се придржувате до она што одговара на вашиот тип коса. Ако имате тенка коса, тогаш дефинитивно сакате да и додадете волумен и да создадете „лажен изглед“ на густа коса.

Најдобри фризури за тенка коса

Пред се‘, важно е да разјасниме една работа. Тенката коса не е исто што и ретка коса. Тенка коса се однесува на квалитетот на косата, додека ретката коса значи помалку влакна во прамените. Често се препорачува да изберете пократки фризури бидејќи овие стилови овозможуваат вашата коса да ја задржи својата форма. Исто така, пожелно е да имате слоевити фризури (но не премногу). Волуменот се постигнува со тоа што пократките слоеви се полесни и се создава различна форма.

Лоб

Ова е една од најдобрите фризури кога станува збор за тенката коса. Изгледа добро со сите типови коса бидејќи го врамува лицето без да го оптоварува изгледот. Најдобрите фризури за тенка коса се оние кои имаат пократки внатрешни слоеви бидејќи ги „туркаат“ подолгите надворешни слоеви, создавајќи на тој начин волумен.

Пикси

Многу тенка коса може да изгледа одлично со пикси фризура. Тоа ќе направи косата да изгледа погуста отколку што навистина е. Ако сте љубител на кратки фризури, тогаш дефинитивно треба да ја пробате оваа. Дополнително, додадете неколку слоеви и странични шишки за поголема текстура.

Боб


Постојат различни видови на боб фризури, но сите се добри кога станува збор за тенката коса. Боб дава илузија на погуста, пополна коса која е полна со волумен. Размислете за обликот на вашето лице и изберете ја вистинската опција за боб.

Шишки

Без разлика дали ќе се одлучите за лоб, боб или пикси, шишките можат да бидат победнички детаљ. Целосните шишки се одличен начин за зајакнување на обликот доколку тоа го дозволуваат густината и секојдневниот стил и изглед на фризурата.

Бикси

Ако баравте фризури со средна должина за тенка коса, тогаш комбинацијата од боб и пикси е совршен избор. Тоа создава илузија на исполнетост. Исто така, одлично е што не е потребно многу одржување и напор за да изгледа совршено.

Ghost Layers т.н невидливи слоеви

Тоа се таканаречените „невидливи слоеви“, суптилна техника на сечење која создава илузија на движење во косата. Техниката вклучува камуфлирање на суптилни слоеви кои би дале илузија дека сè е со иста должина. Ова е совршено за тенка коса бидејќи ја зачувува формата и должината додека и дава текстура и движење.


Фото: Инстаграм/ freepik