Најдобрите 3 рецепти за смути од лубеница кои треба да ги знаете: За совршен почеток на денот
Лубеницата е идеална летна храна. Покрај тоа што освежува, таа е полна со здрави хранливи материи и содржи многу малку калории. Многумина не знаат, но лубеницата е всушност зеленчук со африканско потекло. Сто грама лубеница содржи само 30 калории, што ја прави идеална диетална храна. Околу 10% од неа е шеќер, а остатокот е вода. Поточно, содржи многу бета-каротен, железо, калциум, фосфор и големи количини на витамини А, Б и Ц. Лубеницата е одлична за хидратација бидејќи содржи висок процент на вода. Содржи и неколку други хранливи материи како ликопен, антиоксиданс поврзан со бројни здравствени придобивки. Ликопен, најсилниот антиоксиданс од групата на каротеноиди (природни растителни пигменти). Некои научни студии потврдија дека ликопенот може да спречи малигна трансформација на клетките. Ги обновува каналите за комуникација и помага да се елиминираат канцерогените материи и токсините од телото. Затоа, за вас избравме неколку освежителни летни рецепти за смути од лубеница.
1. Смути од лубеница и лимета
Состојки:
2-3 парчиња лубеница, исечкана на коцки
1 дл сок од лимета, свежо исцеден
3-4 листови нане
мраз (по желба)
прстофат сол (по избор)
Подготовка: Многу едноставно, ставете ги сите состојки во блендер, по потреба добро измешајте и послужете.
2. Смути од лубеница и јагоди
Состојки:
2-3 парчиња лубеница исечкана на коцки
1 чаша замрзнати јагоди
1 исечена и замрзната банана
50 мл бадемово млеко
мед или стевиа
Подготовка:
Во блендер ставете бадемово млеко и во него додадете ги парчиња лубеница, јагоди и банана и убаво изблендирајте. Добиената смеса засладете ја со мед или кој било друг засладувач по желба. Добро изблендирајте во блендер додека смесата не стане соеднинета и послужете.
3. Смути од лубеница, кокос и нане
Состојки:
Грст
исчистена и исечена лубеница
1 лажица кокосово брашно
4 листови нане
100 мл бадемово млеко
1 банана
Подготовка: Многу едноставно како и обично, ставете ги сите состојки во блендер. Добро измешајте додека не добиете убаво соеднинета, густа смеса и послужете.
Фото:Freepik