НАЈЕВТИНИ ЛЕЖАЛКИ И ЧАДОР НА НАЈУБАВИТЕ ГРЧКИ ПЛАЖИ: Кои се грчките острови каде можете да уживате само за 5 до 10 евра

Тасос е еден од најубавите грчки острови, а цените варираат од плажа до плажа. Најевтината понуда е на плажата Алики каде за пет евра можете да користите комплет лежалки.

Тасос е еден од најпосетуваните острови во Грција долги години поради неколку причини. Туристите ги привлекуваат големиот број плажи, рајски заливи, села со калдрма, лековити извори и манастири. Што се однесува до цените на самите плажи, тие варираат од место до место.

„На Marble Beach цената по лице е 15 евра и во цената е вклучен пијалок (кафе или сок). На плажата Псила Амос комплет лежалки чини 10 евра. На плажата Пахис има неколку барови, а во некои од нив можете да користите лежалки со пијалок.

На плажата Росо Гремос цената за гости надвор од хотелот е 20 евра за комплет. Во барот на плажата Ла Скала цените се движат од 10 до 50 евра за комплет. На плажата Алика комплет лежалки е пет евра.

Продолжува на Фактор.мк