Најлошиот момент од 2005 година: Кристијано Роналдо за прв пат открива детали за смртта на неговиот син
Кристијано Роналдо деновиве е особено во центарот на вниманието, откако се појави во интервју.
Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо даде интервју во кое беше остар кон својот клуб Манчестер Јунајтед и менаџерот, па се уште не се знае какви санкции ќе сноси поради тоа. Но, фудбалерот реши да ја искористи оваа прилика да зборува и за својот приватен живот, а се осврна и на една тешка тема која го снајде неговото семејство. Тој за прв пат ги откри деталите за трауматичниот настан кога тој и неговата сопруга го загубија своето бебе.
Да потсетиме, Георгина годинава роди близнаци, но синот починал веднаш по породувањето, а родителите открија дека требало да се вика Ангел.
- Веројатно најлошиот момент во мојот живот откако почина татко ми. Кога имаш дете, очекуваш се да биде нормално, но кога имаш проблем, тоа е тешко. Ни беше многу тешко да разбереме зошто ни се случи ова – изјави Роналдо и додаде дека пепелта на својот син ја чува во капелата каде што ја чува и пепелта на својот татко кој почина во 2005 година.
Фудбалерот рече дека децата му помагаат да биде подобар човек, цело време се труди да разговара со нив, а еднаш заплакал и пред својот најстар син.
извор:GLOSSY
„Тоа беше најлошиот момент во мојот живот. Семејството ме спаси од очај“: Георгина Родригез проговори за загубата на син ѝ
„Засекогаш љубов“: Роналдо сподели трогателна слика како ја држи својата новородена ќерка, откако неговата партнерка Георгина ја потврди катастрофалната вест дека братот близнак на детето починал при раѓањето