Најмодерната боја за 2018-та- деликатна розева

Добивај вести на Viber

Оваа боја царува во модниот свет повторно!

Добри вести за сите љубители на нежните пастелни нијанси- една од главните бои за оваа сезона, заедно со виолетовата е и розевата боја.

Нијансата на розе, беше искористена речиси во сите нови колекции кај модните дизајнери. Модната куќа „Celine“ ги претстави макси фустанчињата токму во оваа боја.

Хелмут Ланг- ја вметна оваа боја во своите необични јакни со свилени ракави, додека Кристофер Кејн во својата колекција ја искористи оваа боја кај неговите сатенски модели со карнери, волнените фустани и џемперчиња, каде Британскиот дизајнер советува џемперчињата да се носат во комбинација со транспарентни сукњички со пулејки.

Но, не плашете се дека во која било розева комбинација ќе изгледате како Барбика. Оваа пролет, светло розевата нијанса не е тренд во стилот на Барби, туку станува збор за доста деликатна прашеста нијанса на розева.

 Доколку не знаете од каде за почнете, ви предлагаме да започнете најпрво со тоа што ќе одберете одело во оваа нежна нијанса. Благодарение на необичната боја, костумот ќе изгледа помалку формално и погодно за секоја прилика. Моделот „твид“ e вечен класик, воедно омилен и на Коко Шанел, а во прашеста боја на розе, овој материјал изгледа уште поженствен.