Најмудриот совет на тибетанскиот монах: Кога некој не навредува и понижува, треба да му ги поставиме овие 2 прашања - веднаш ќе занеме

Добивај вести на Viber

Многу луѓе се прашуваат што да прават кога некој не навредува и понижува, а секој треба да го знае советот на овој тибетски монах

Некогаш постоел тибетски монах кој за време на неговиот живот се сметал за свет човек. За совет му доаѓале луѓе од најоддалечените краишта, а важел за личност која е секогаш мирна и човек кој е невозможно да се навреди.

Ова го слуша некој никаквец и решава да оди да го тестира мудрецот. Отишол кај него и штом го видел почнал да го навредува и понижува најлошо што можел.

Откако му снемало навреди, застанал за момент и со чудење сфатил дека монахот е сè уште мирен и присебен како пред неговото доаѓање.

Ова многу го изнервира никаквецот, па продолжува да пцуе уште поцрно и полошо од претходно, но залудно - изгледа дека тоа воопшто не влијаело на мудриот.

Кога останал без пцости и ја изгубил сета своја енергија, човекот решил да му пријде на монахот и да ја дознае неговата тајна.

- Ги разбирам твоите духовни работи и демек не ти е гајле што мислат и зборуваат другите, но јас те понижив и навредив, треба да научиш дека треба да се бориш за себе - му рекол.

- Сине, може ли да поставам само 2 прашања? - го праша монахот зборувајќи за прв пат.

- Се разбира - рече човекот.

- Ако ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, на кого сè уште му припаѓа тој подарок? - праша мудрецот.

- Па, ако не го прифатиш подарокот, тогаш тој сепак ми припаѓа мене.

- И сега, синко, ако имаш само навреда за мене, а јас не ја прифаќам, на кого му припаѓа сè уште? - заклучи мудрецот, се сврте и си замина.

Извор: stil.kurir.rs