Најомразената членка на ријалити семејството стана мајка, а јавноста повторно ја нападна: „Не се почитуваш себеси...“
Клои Кардашијан и Тристан Томпсон станаа родители на нивното второ дете, родено од сурогат мајка
Некогаш најомразениот член на семејството Кардашијан, Клои Кардашијан и нејзиниот поранешен партнер, кошаркарот Тристан Томпсон станаа родители на нивното второ дете, пренесува магазинот „People“.
Синот на Клои и Тристан го роди сурогат мајка, а веста за втората бременост излезе во јавноста во јули оваа година, по што Клои беше цел на потсмев и остри критики на интернет.
Имено, Тристан и Кардашијан со години ја чуваат врската на тенок мраз, а за сè е крив Тристан кој безброј пати ја изневерувал Клои, а таа секој пат му простува. Иако никој не знае што ќе одлучи на крајот Клои и колку ќе трае нивната љубовна агонија, парот моментално не е заедно, а веста дека и покрај сè чекаат второ заедничко дете ја шокираше јавноста.
„Тоа е непочитување... Не знам како можеше да си го дозволи тоа по толку разочарувања“, гласат коментарите на „Твитер“.
Двојката веќе има едно дете, ќерката Тру, а на самиот ден на нејзиното раѓање, Клои преку социјалните мрежи дозна за неверството на својот партнер.
А дека на вестите во семејството Кардашијан им нема крај, потврди и Ким Кардашијан, која во исто време реши да ја прекине врската со партнерот Пит Дејвидсон.
Извор: dnevnik.hr