Најпопуларните женски имиња и нивните значења: Ова сигурно не сте го занеле

Секое име со себе носи и некое значење. Моментално родителите избираат кратки имња за своите деца.

Миа

Се претпостаува дека Миа е скратена веризја од името Марија кое значи „голема дама“.

Леа

Леа е една од многуте женски верзии на машкото име Леонардо, Леон и Лео. Леа на латински јазик означува „лавица“.

Теа

Ова име на грчки јазик значи „божица“. 

Маша

Маша е руски надимак за Марија и значи „принцеза на работниците“.

Ема

Ема е германско име, што значи „цела“ или „целокупна“.

Сара

Сара е име со хебрејско потекло изведено од зборот „sarai“, чие значење е „принцеза“. На арапски јазик ова име значи „онаа која носи среќа, весела и радосна“.

Лара

Ова име е скратено од Лариса, што значи „заштита“ или од грчкиот збор „laros“  што значи слатко.

Нина

Ова е грузиско име што значи „оган“ или „жар“.

Хана

Хана е хебрејско име кое значи „милост, благодарност“. На арапски јазик има значење како „разбирање, искусна паметна жена“.

Ена

Името настанало од името Ирена што значи „мир, божица на мирот“. На келтски јазик значи „стравствена, огнена“, а додека на ирски јазик значи „благодарна“.

Ана

Ана потекнува од старохебрејскиот јазик „hannah“ значи „милост, благодарност“.