Приказни,
Семеен Албум
Најслаткото нешто што ќе го видите денес: Вака Хана ѝ го честита роденденот на мама Тамара Тодевска
- 01 Јуни, 2021
Родена е на ист ден со Мерилин Монро ама педесет и девет години по неа. Поп-ѕвездата Тамара Тодевска денеска полни 36 години и е во својот најубав животен период.
Таа и нејзиниот сопруг, поранешниот кошаркар Александар Димитровски - Мачка се посветени родители на Хана и малиот Дарен.
Роденденски честитки за роденденот на мама Тамара пристигаат од сите страни и од сите колеги и пријатели, а посебно се издвојува една - честитката од Хана која Тамара ја именува како најдобриот роденденски подарок.
Хана за роденденот на мајка ѝ, ги покажа нејзините гласовни способности и ѝ ја испеа „Happy birthday“ на мајка си.