Најсреќните датуми до крајот на годината за секој хороскопски знак: За некој страст, за друг успех на работа...
Според
астролошката прогноза, ова се најсреќните датуми за припадниците на сите
хороскопски знаци во наредниот период.
Овен – 20 декември
Јупитер, планетата на богатството и изобилството, влегува во овој знак и ќе обезбеди позитивни аспекти за стремеж кон исполнување на соништата.
Бик – 2 декември
Етеричниот Нептун се враќа дома кај Рибите, охрабрувајќи ве да растете и да правите возбудливи планови за празниците.
Близнаци – 1 декември
Сите ваши врски ќе бидат посилни и ќе ви донесат поголема радост во наредниот период, а врвот ќе биде на првиот ден од декември. Следете го своето срце.
Рак – 24 ноември
Веселиот Јупитер ќе обезбеди хармонија и добри вибрации насекаде и ќе ви помогне да бидете уште посоцијални и слободни.
Лав – 1 декември
Романтичната Венера ќе биде во огнениот Стрелец, правејќи аспект со сериозниот Сатурн, охрабрувајќи ве да бидете попрактични во односите. Впијте ја сета самодоверба што ви доаѓа и кажете го она што ви е на ум!
Девица – 24 декември
Синергетскиот аспект помеѓу вашиот планетарен владетел и духовните Риби ви помага да бидете поинтуитивни и подобро да ги забележувате работите. Следете го вашето внатрешно чувство и ќе добиете се‘ што барате.