Најубавата италијанска дива била силувана на 17 години по што забременила: Сакаше само еден човек но никогаш не се омажи за него

Добивај вести на Viber

Клаудија Кардинале е една од најпознатите европски диви од 20 и 21 век. Оваа дама со француско-италијански корени е прогласена за една од 50-те најубави жени во светот, а за нејзиниот величенствен актерски талент најдобро говори податокот дека има снимено преку 150 филмови! Ова е приказна за нејзиниот живот и кариера.

Почетоци

Клаудија е родена во Тунис во 1938 година во семејство на имигранти од Сицилија, и никогаш немала намера да стане филмска ѕвезда; имала далеку поскромни соништа - сакала да стане учителка! Но, судбината имала други планови за оваа дама со прекрасна убавина и лут, атрактивен глас.

Откако 18-годишната Клаудија беше крунисана за „најубава Италијанка во Тунис“, а интересно е што таа не се ни пријави на овој натпревар, туку едноставно беше забележана и извлечена од толпата. Сепак, таа го прифати ова ласкаво признание и со раширени раце ја дочека гламурозната награда - патување на филмскиот фестивал во Венеција.

Во Венеција пак, Кардинале ги воодушеви модните фотографи, продуценти и режисери, а сето тоа затоа што храбро позираше во зелено бикини, покажувајќи ја својата чудесна, убава фигура и младешка заводливост. Италијанскиот писател Масолино Дамико ја опиша како „брилијантна во целата нејзина младост“. „Изгледа мислеше дека малиот налет на кликови на камерата е игра. Таа не се обидуваше, да биде секси, можеби дури ни и привлечна. Таа беше само среќна што беше таму“, напиша тој.

Позади насмевката се криеше тажна вистина

Понудите од филмските продуценти набрзо почнаа да пристигнуваат, но Клаудија првично ја одби секоја од нив. Нејзиниот безгрижен однос на филмскиот фестивал во Венеција ја криеше суровата вистина, која таа ја призна години подоцна, а тоа е дека била силувана и го носела своето прво дете.

Сепак, Франко Кристалди, моќен италијански продуцент, набрзо ја придоби нејзината доверба и ја убеди да соработува. Кристалди ја насочуваше нејзината кариера и имаше цврста контрола над нејзиниот живот; тој всушност ја направи Клаудија ѕвезда и ги влечеше конците зад сцената. Оваа Италијанец се ожени со Клаудија и го посвои нејзиниот син, кој на почетокот беше претставен на јавноста како нејзин помлад брат.

Трагедија

Актерката била силувана од постар непознат маж, кој насилно ја внел во неговиот автомобил, а овој злобен чин и резултирал со бременост. Сепак, таа го задржала детето, а во Лондон го родила синот Патрик за да го скрие скандалот. До седмиот месец од бременоста, Клаудија активно снимала филмови и вешто ја криела бременоста. „Тоа беа многу тешки месеци. Бев далеку од мојата татковина, се борев со туѓа култура и јазик што не го разбирав многу добро. Бев катапултирана во светот на филмот. Кристалди сфати дека сум бремена кога отидов да побарам раскин на договорот. Мојата врска со него се зацврсти во тој момент. Се стана трнспарентно, рекла таа еднаш.

Патрик со години се претставуваше како нејзин помлад брат заради имиџот во јавноста, додека едно време неочекувано не ја откри вистината во едно интервју. „Тоа беше неизбежно. Храброста доаѓа кога нешто треба да се направи. Тоа не може да се предвиди. Но, кога би можел да го вратам времето, прво би му ја кажала вистината на мојот син. Тогаш ја немав таа храброст“, истакна таа во тоа време.

Незапирливо навлегување во светот на филмот

Клаудија дебитираше во филмот „Гоха“ од 1958 година со познатиот египетски актер Омар Шариф во главната улога. Наскоро следеа и други улоги, во филмовите „Роко и неговите браќа“, „Леопардот“ и „8½“. Режисерите на почетокот мислеа дека гласот на Клаудија има премногу француски акцент, па во првите продукции нејзиниот глас беше синхронизиран. Меѓутоа, во филмот на Федерико Фелини „8½“ за прв пат од екранот се слушна нејзиниот уникатен глас, а тоа само придонесе за нејзината слава - ја шармираше не само публиката, туку и нејзините колеги.

Раскошна убавина и актерски талент

Нејзиниот колега Дејвид Нивен, кој глумеше со неа во филмот „Пинк Пантер“, изјави дека Клаудија е најдобриот изум на Италија покрај шпагетите. На Клаудија се гледаше како на италијанскиот одговор на Французинката Брижит Бардо, па набрзо нејзината слава ги премина границите на „чизмата“, а стигна дури и до Холивуд.

Вистинска љубов

Актерката успеа да се извлече од оковите на рестриктивната врска со Кристалди дури кога се вљуби во режисерот Паскал Сквитиери на снимањето на филмот „Blood Brothers“. Нивната романса им ја отежнала кариерата на двајцата бидејќи Клаудија продолжила да игра помали улоги. Всушност, таа никогаш не престана да работи! До нејзините 70-ти, Клаудија можеше да тврди дека се појавила во 135 филмовиНо, нејзината работа не беше ограничена само на филмската индустрија, таа беше страстен борец за правата на жените и заштита на животната средина.

Клаудија Кардинале и Паскал Сквитјери

Излегува дека љубовта со Паскале била вистинска; парот остана заедно повеќе од 30 години, иако на крајот се разделија. Тие добија ќерка со исто име како нејзината мајка - Клаудија, а оваа одлука има интересна позадина. "Тој го избра името затоа што сакаше да се омажи за мене, а јас не сакав. Значи, Клаудија Сквитиери, нашата ќерка, го носи името што би го имала ако кажев да", рекла актерката објаснувајќи зошто Не сака да се омажи за Паскале:

-Сакав да бидам независна жена. Сепам мислам дека требаше да ја прифатам свадбата. Го сакав поради неговата интелигенција, неговата убавина, неговата култура и беше многу смешен и малку луд, изјави Кардинале по неговата смрт во 2017 година.

Како изгледа Клаудија денес

Интересно е што Клаудија е една од ретките актерки која никогаш не се појавила гола на филмското платно, а успеала да одолее и на предизвиците на пластичните операции, дури и во зрелите години.

-Никогаш не сум била гола и никогаш не сум направила ништо за да си го сменам лицето. Тоа воопшто не ми се допаѓа. Сакам да бидам тоа што сум, бидејќи никој не може да го запре времето, изјави оваа позната дива, сега 85 години.



Фото:claudiacardinale/instagram/youtube/screenshot