Најубавиот актер на светот во програма во живо дозна ужасни вести: Докторите открија како ќе заврши неговиот живот

ДНК на Крис има две копии од генот APOE4, поради што од осум до десет пати е поголема веројатноста дека ќе се бори со Алцхајмер...

Крис Хемсворт (39), познатиот миленик на жените, пред камерите дозна каква судбина го очекува! Имено, актерот работи на „Limitless“ - телевизиски проект за здравје, во кој се истражуваат методите за продолжување на животот и одложување на стареењето на ќелиите во организмот на човекот. И токму неговата ДНК била предмет на истражување на медицинските експерти.

Направена е детална анализа, а резултатите биле потполно неочекувани! Според спроведеното истражување, еден од најпривлечните актери на денешницата има од осум до десет пати повеќе шанси да развие Алцхајмерова болест. Кога докторот ја видел опасната комбинација на неговите гени, ја повикал продукцијата и ѝ кажал дека не сака тоа да го соопшти во живо, како што било порано договорено.

„Ми земаа крв и други примероци и планот беше пред камерите да ми соопштат што сѐ нашле. И докторот Питер Атија го повика Дарен Аронофски и му кажа дека не може такво нешто да ми соошти додека снимаме. Моравме да разговараме додека камерите беа исклучени и дури тогаш да одлучиме дали сакаме резултатите воопшто да се најдат во епизодата. Бев шокиран кога ме повика“ - кажа Крис.

Нагласува дека по тоа сознание веднаш почнал да размислува за смртта.

„Кога ми соопштија, имав многу прашања. Веднаш почнав да размислувам за смртта. Во главно не зборуваме за тоа, мислиме дека со молчењето ќе можеме да ја избегнеме смртта, но кога некој ќе ни соопшти дека е откриено како најверојатно ќе ни заврши животот, реалност знае да нѐ погоди“ - признава актерот.

Иако членовите од продукцијата му предлагале тој емотивен дел да се исфрли од емисијата, Крис не сакал, сакајќи со неговиот пример да ги мотивира другите луѓе да водат сметка за своето здравје и редовно да го контролираат.

„Се грижив тоа да не се сфати погрешно. Не сакав да минипулирам со тоа и претерано да драматизирам, и да го претворам во некој вид на фаќање емпатија, или што и да е, за забава“ - вели Хемсворт.

Смета дека животната рутика многу влијае на понатамошниот развој на ситуацијата.

„Не е како да сум добил отказ. Кога имате предиспозиција за... било што - сето тоа е поврзано со управувањето со спиењето, управувањето со стресот, исхраната, кондицијата за движење. Сите тие се алатки кои треба постојано да се применуваат. Поприфатливо е да се зборува за здравје и благосостојба, отколку што било додека растев“ - заклучи актерот.

фото: Принтскрин / Инстаграм