Најубавиот ден во животот на Прија и Филип! Пејачката објави емотивна фотка од семејниот дом, честитките се редат

Добивај вести на Viber

Најмладиот член на семејството Живојиновиќ наполни 5 години

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ на 6-ти Март го слават роденденот на синот Александар.

Најмладиот член на семејството Живојиновиќ наполни 5 години, а домашните не ја кријат среќата поради тоа.

Александра на својата приказна на Инстаграм сподели фотографија на која нејзиниот наследник држи голем син балон во форма на број 5, кој ја симболизира неговата возраст, а покрај него има и неколку помали.

Александра секогаш се грижи за своите најблиски, а не може да пропушти ниту еден детаљ, па нема сомнеж дека прославата ќе биде бајка за малиот Александар.

Да потсетиме, Александра неодамна проговори за проширување на семејството, кога откри дека би сакала да има ќерка.


- Би сакала девојка. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и се да е како што треба, но кога би можела да бирам би сакала девојче - признала Александра во „Цеца шоу“.

- Убаво е да имаш и момче и девојче - продолжи Цеца Ражнатовиќ, која во емисијата ја угости Прија во нејзиниот дом, а и самата е мајка на момче и девојче.

Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ се во брак од 2018 година, а синот Александар им се роди пред четири години. Пејачката своевремено отворено зборуваше во медиумите за почетокот на врската со Филип. Тогаш признала дека уште од првата средба знаела дека тоа е љубов за живот.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandra Prijovic (@aleksandraprijovic)



- Штом го запознав знаев дека тоа ќе биде љубов за цел живот. Нашиот прв бакнеж се случи во мојот стан во Вождовац. Веднаш ме освои со своите манири, начин на размислување и ставови. Уште тогаш знаев дека ќе се омажам за него и дека тој е тој. Ме воодушеви првиот пат кога требаше да дојде кај мене. Ме праша што би сакала да пијам и да јадам, да донесе. Реков „ништо“, бидејќи знаеш како е на почетокот, кога некој ти се допаѓа, не си ниту гладен, ниту жеден – изјави тогаш Прија.