Најубавиот македонски актер кој прерано почина - Сеќавање на Ненад Стојановски
Македонскиот актер Ненад Стојановски препознатлив лик од „Бушавата азбука“, „Опстанок“ и најпознатата театарската претстава „Грев или шприцер“, беше најголемиот фраер што некогаш се појавил на театарската сцена.
Роден е во Скопје 1952 година, беше оженет со актерката Силвија Стојановска, а од бракот со неа ги имаат двете ќерки Ана и Јана, кои професионално тргнаа по патот на нивните родители.
Стојановски почина на 14-ти јули 1998 година.
Неговите ќерки Јана и Ана со гордост се сеќаваат на нивниот татко кој за толку краток живот имал богато тетарско и телевизиско творештво.
Јана и Ана израснале во актерско семејство, дедо им бардот на македонското глумиште Ацо Јовановски – Снагата, и нивната мајка актерката Силвија Стојановска.
Во интервју за Женски магазин, Јана зборуваше за нејзиното семејство. На прашањето што е она што го научила од нејзиниот дедо.
„Од Ацо, веројатно да се забавуваш. Дека ништо не е страшно сè додека е обвиено во обвивка на хумор. Животот е еден, наше е како ќе го живееме. А, и дека нема да кашлаш ако пушиш различни цигари наместо исти, хахаха“, се сеќава Јана.
Кога останале без нивниот родител Ненад, Ана имала 13, а Ана 9 години. За неа болно е сеќавањето на тој момент, но безброј други убави моменти љубоморно ги чува во спомените.
„Па, јас многу страшно ги преживеав сите тие случувања. Уште повеќе дека никому не му беше ни на крај памет дека тоа ќе се случи. Беше страшно дека беше шок. Сестра ми имаше 9 години, јас 13, мајка ми 38. Можам да кажам дека сè уште ја поднесуваме загубата“, вели Јана.
Во биографијата на Ненад Стојановски запишано е неговото членување во Детската радио-драма како и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“.
Откако дипломирал на Факултетот за драмски уметности, почнал да настапува на сцената на Драмскиот театар во Скопје.
Ненад е добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Фото: Фејсбук Ненад Стојановски
РЖМ
СМРТТА НА ТАТКО МИ НЕНАД МИ БЕШЕ ШОК НА 13 ГОДИНИ: Интервју со Јана Стојановска