Најубавиот маж во светот беше Македонец: Денес уште поубав

Пред скоро 13 години, тогаш дваесетгодишниот Македонец Стефан Лошковски победи на светскиот избор “Mister Sea World“ што се одржа во Перу. Тој се закити со титулите “мистер на светот“ и “најубаво лице“.

Инаку, Лошковски заврши на факултетот за информатички науки и комјутерско инженерство, а беше дел и од македонската ватерполо репрезентација.

Уште на изборот кој се одржа овде, тој веќе имаше предност. Лице како ангел- со кристални очи и извајано тело. На напреварот во Перу имаше учесници од преку 100 земји во светот, ни и таму неговата убавина се одвои.

 Заслужено го прогласија за најубав во светот. 

Тој воедно го постигна и најголемиот успех со таа светска титула и во машка и во женска категорија кога се во прашање големи избори за мис или мистер. Потоа имаше неколку значајни ангажмани, а беше дел од шоуто „Танц со ѕвездите“.

Денес Лошковски е семеен човек и успешен во својата работа. Не намалил со убавината:

Р.Ж.М

Фото: ФБ профил С. Лошковски