Најубавите Италијанки на сите времиња: Копирајте ги нивните трикови за убавина
Атрактивните Италијанки важат како жени кои сакаат да уживаат во животот. Тие се духовити и забавни. Кога е во прашање нивниот изглед, главно се познати по раскошните облини.
Нивните трикови за добар изглед можете лесно да ги копирате. На пример, познато е дека убавите дами од Италија многу сакаат маслиново масло и сакаат да го негуваат телото со него, но и косата на која маслиновото масло ѝ дава сјај. Тие не сакаат диети, туку јадат сѐ во умерени количини.
До овие трикови се придржуваат и многу славни дами кои се на листата на најубави Италијанки на сите времиња.
Џина Лолобриџида, актерка, скулпторка и фоторепортер
Моника Белучи, актерка
Карла Бруни, поранешен супермодел и пејачка, поранешна прва дама на Франција, сопруга на Никола Саркози
Клаудија Кардинале, актерка
Софија Лорен, актерка