Најважните принципи на секоја диета

Добивај вести на Viber

Прво златно правило кај било која диета е да запомните дека притеините и мастите се „градежен материјал“, потребни ви се секое утро, и не смеат да се исфрлат од исхрната.

Јаглехидратите се енергија и му се потребни на телото. Доколку не ги внесувате во доволна мера, телото согорува протеини кои ја намалуваат енергијата.

За да го изгубите вишокот килограми, потребно е да го намалите количеството на јаглехидрати, додека мастите и протеините може да ги конзумирате умерено. Можно е да се намалат и мастите, но внимателно, бидејќи тие се потребни за женските хормони.

Спиењето за слабеењето е многу важно. Препорачливи се минимум 7-8 часа. Во ноќта се произведува хормонот на раст кој е одговорен за топење на масти. Доколку доволно спиете, брзо ќе ја изгубите тежината.

Почести оброци во мали порции се најефикасни. Јадете 5 пати дневно во редовни интервали: 3 главни јадења (појадок, ручек, вечера) и 1-2 ужина.

Пијте вода 10-15 минути пред оброци или 30-40 минути по оброк.

Дневникот на исхрана го забрзува губњето тежина до трипати.

Фитнес без избалансирана исхрана и намалени калории - не функционира!