Најважното правило за деца: „Бидете љубезни“!

Американскиот писател Курт Вонегут, попознат по романите „Кланица 5“ (1969) и „Појадок за шампиони“ (1973), ги напишал некои од најинтересните зборови кои некогаш сме ги прочитале, во неговиот роман „Бог ве благословил, господине Роузвотер“ кој е објавен во 1965: „Здраво бебиња. Добредојдовте на Земјата. Во лето е топло, во зима е студено. Кружно е, влажно и претрупано. Овде имате најмногу сто години. Постои само едно правило за кое знам, бебиња - „Мора, по ѓаволите, да бидете љубезни“. 

Овој цитат кажува се. Тоа е се она што нашите деца треба да го слушнат. Тоа е се што секој родител треба да го слушне. Поважно е од добрите оценки. Поважно е од читање и пишување. Има поголемо значење од кој било спортски трофеј. 

По тоа на вас и онака никој нема да се сеќава, ќе паметат дали сте биле добра личност, дали сте биле љубезни и сочувствителни. Љубезноста е алат. 

Единствениот начин да го поправиме дефектот со овој свет е да бидеме љубезни и да одгледаме љубезни луѓе. Единствен начин да го излекуваме страдањето е да бидеме љубезни и да создаваме љубезни луѓе. 

 Љубезноста е клучна, а нејзината моќ потценета. Љубезноста можете да ја почувствувате во својата душа. Таа може да ги промени животите, кои потоа ќе го променат светот и ќе го направат подобро место. 

Својот роман „ Вонегут “ го напишал во 60-тите. Тогаш неговите зборови ни биле потребни, но потребни ни се и денес. Љубезноста треба да биде навика. Таа не излегува од мода, секому добро му стои. 

Ако не можеме да бидеме пример и да ги научиме своите деца на важноста на оваа порака, работите никогаш нема да станат подобри. Го знам тоа како што и вие знаете, затоа мораме нешто да направиме. Ако гледате дека некому му е тешко, имајте разбирање. 

Не тргнувајте со осуда. Запрете се кога ќе почнете да плукате по некој, само затоа што имате лош ден. Кога децата ќе стигнат од училиште, прашајте ги дали тој ден биле љубезни. Не е доволно само да се зборува за љубезноста. Мора да се премине од зборови на дела.

 Не е тешко. Не барам да бидете совршени и никогаш да не згрешите. Само да размислите за тоа како сте се чувствувале кога сте примале љубезност, дури иако не сте ја заслужиле. Знам дека и сам умеев да бидам гад и дека нечија љубезност за момент успеала да ме омекне.

 На нашиот свет му треба повеќе љубезност. Денес е ѓаволски добар ден да се почне.