Наместо да купувате букет цвеќе за 8 Март – дајте им поголеми плати на жените!
Благодарение на Холивуд и добриот маркетинг, Меѓународниот ден на жените стана глобален феномен, а подарувањето цвеќе и бомбониери, срца и други подароци на саканите дами со време не зафати и нас. И додека повеќето ќе знаат да ви кажат дека 8 март е Ден на жените, зошто тоа е така и што всушност се слави знаат многу мал број на луѓе.
Меѓународниот ден на жените или попознато, Осми март е празник посветен на жените. Настанал како ден на сеќавање на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на жените .
Празникот е востановен на Втората меѓународна конференција на жените социјалисти 8 март 1910 година во Копенхаген, на иницијатива на Клара Цеткин, водачката на германските социјалисти и женско работничко движење .
Обединетите нации го прогласија осми март за меѓународен ден на жените во 1975 година. Жените во Македонија имаат право на глас од 1945 година.
Во приказната за одбележувањето на 8-ми Март ја спомнавме Клара Цеткин. Денес 8-ми Март се сведува на цвеќето. Но, кој знае дали кога Клара се борела за рамноправност и било до цвеќе. Таа го истрасирала патот за меѓународна солидарност на жените во борбата за економска и политичка рамноправност.
Повеќе информации за Денот на жената прочитајте на Фактор