Наоми Кембел за прв пат откако стана мајка: Никогаш не сум почувствувала толку многу љубов

Манекенката стана мајка во шестата деценија.

Познатата манекенка Наоми Кембел изненади кога пред десетина дена објави дека стана мајка на педесет и една година.
Сега, за прв пат откако стана мајка таа се огласи и напиша емотивна порака покрај фотографијата:

„Никогаш не сум почувствувала толку многу љубов, како во последните неколку недели. Јас сум ви многу благодарна за љубовта што ја давате и пренесувате на мојата ќерка. Ви благодариме за топлите пораки за поддршка и роденденски желби. И покрај предизвикувачката година што ја имавме сите, имаме толку многу благослови за кои сме, пред сè, благодарни. Со Божјата милост, ја гледаме светлината на крајот од тунелот. Љубовта, упорноста и силата издржуваат сè“, напиша Наоми. 


Наоми најверојатно ја доби својата ќерка преку сурогат мајка, но тие информации не се потврдени.

Таа ја доби својата ќерка 4 години по изјавата дека „со помош на науката ќе стане мајка кога ќе посака“.

извор:zenskikutak.rs

Поврзани вести:

На никој не му е јасно како Наоми Кембел стана мајка - природно или со помош на сурогат мајка: Овие фотографии откриваат дали има стомак