„Направи нов свет“: Јелена Карлеуша се надмина себе, фановите во делириум (ФОТО)
Веќе од првите тактови на новата песна на Јелена Карлеуша, истата привлекува
големо внимание, па пејачката успеа и овој пат да постави нови стандарди нетипични за
балканската сцена, а кадрите од видеото потсетуваат на најпознатите светски
филмови.
Новата песна носи и јасна порака, а сега е сосема јасно зошто албумот го носи името „Алфа“.
Јелена Карлеуша по единаесет години го издаде својот 11-ти албум насловен, а нејзините верни обожаватели со нетрпение очекуваат да ги слушнат сите нејзини песни.
Пејачката темелно работеше на новиот проект, а светските продукциски куќи кои стојат позади неа, ветуваат вртоглави успеси.
- Многу сме горди што остваривме соработка со Јелена Карлеуша, комплетниот процес на реализација на нејзиниот единаесетти студиски албум „Алфа“ беше голем предизвик за нас. Морам да истакнам дека резултатите што ги постигнавме се неверојатни и се апсолутен рекорд за нашите простори. Судејќи по самиот старт и невидениот интерес, навистина очекуваме албумот да „експлодира“ како ниеден друг проект досега - нагласи Никола Јовановиќ.
Фото:youtube/screenshot