НАШАТА ПОП-ЅВЕЗДА ВО ДУЕТ СО РУСКИ РАПЕР: Елена на фестивал во Москва пред сто илјади публика

Во дует со познатиот руски рапер Кирил од “Ефектив рекордс“ , Елена Ристеска ја сними песната "Bitcoin and Gold". 

Елена неодамна се врати од Москва, каде што беше на покана на нејзиниот руски колега. Нашата поп-ѕвезда е презадоволна од тоа како поминала промоцијата на дуетската песна во Русија. 


 „Промоција на песната направивме во Москва, на еден од најголемите хип-хоп фестивали “Мејдеј“, кој традиционално се одржува секоја година на 1 мај, и најчесто го посетува околу 100.000 публика“, раскажа Елена за своите впечатоци од Русија. 

„Му гостувам на една песна на познатиот руски рапер, продуцент и менаџер Кирил од „Ефектив рекордс“. Ова нема да биде наша единствена соработка, бидејќи имаме уште неколку заеднички песни“, додаде пејачката. 


Раперот на чија песна гостува е и нејзин менаџер надвор од Македонија. 

„Прва песна која ја промовираше во повеќе земји, и нашиот почеток на соработката беше песната “Текила и лимон“. За таа песна руското дуо диџеи Беверли Пилс мјузик, веќе има направено ремикс. Кирил е виновникот за успехот на песната „Септември“ или „I'm Sorry" во 27 земји, на албанската пејачка Арилена Ара. Автор на таа песна е Дарко Димитров“, откри Елена за Женски магазин. 


Ристеска вели дека се вљубила во Москва која сега и недостасува и едвај чека нов повод повторно да ја посети. 


(М.Џ.)