Наследникот на Лепа Брена „фати“ вистинска убавица: Не се кријат повеќе, Виктор покажа колку се сакаат

Добивај вести на Viber

Виктор Живојиновиќ на социјалните мрежи објави фотографија од својот избраничка

Наследникот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ привлекува големо внимание во јавноста. Како и повеќето деца на големите ѕвезди, тој пораснал под будното око на камерите, а јавниот живот никогаш не му бил туѓ. Неодамна се најде во центарот на коментарите кога го покажа својот нов изглед по ослабените 50 килограми, а сега покажа и нова девојка.

Љубовниот живот на Виктор отсекогаш го привлекувал вниманието на јавноста, а го поврзуваа со многу познати убавици, а сега се огласи на Инстаграм и сподели фотографија со својата нова девојка.

Во прашање е убавата инфлуенсерка Софија Спасојевиќ, а помладиот син на фолк дивата и Боба Живојиновиќ, не ги криеше емоциите. Софија и Виктор позираа прегрнати, а имаше и насмевка, но и емотикон на срцето.

Виктор се иселил од семејната вила во Бежанија и сега живее во свој стан во луксузна населба во Нов Белград, а неодамна се појавил со својата нова избраничка на неговата роденденска забава, но не сите знаеле која е тогашната привлечна бринета