Насмеана, модерна, впечатлива- која е приватно министерката Божиновска?
Во 2004 година стана Магистер на науки на Универзитетот Гронинген, Холандија, во областа на интернационален бизнис. Во 2015 година поминала и извршна програма за жени лидери на Универзитетот Харвард во САД... И многу работни места во реномирани странски компании, секогаш на функции од кои се бара голема одговорност, професионалност и посветеност. А токму таква е и таа.
Од неодамна, Сања Божиновска е Министерка за енергетика рударство и минерални суровини. Воопшто не е надмена, напротив, многу пристапна и транспаретна. Велат дека е голем пријател, а за себе ќе каже дека точноста, прецизноста и исполнителноста ги цени многу. Карактерот - точноста, прецизноста и исполнителноста ги ценам многу- мултитаскинг и воркохолик е карактерно! И упорна - не се откажувам, кај мене не постои не може само не сакам“
Во едно сосема релаксирано интервју, неоптоварено со политика, ја запознаваме подетално министерката и сето она што ја прави да биде тоа што е денес.
ЖМ. Вие сте дама која ненаметливо и суптилно создава посебен стил во поглед на облекувањето и однесувањето. Како би го дефинирале вашиот стил, а како вашиот карактер?
- Мојот стил - со новата позиција гледам да биде соодвен на настаните односно деловен, меѓутоа сепак да дадам акцент во избор на боите - бизнис кежуал.
Карактерот - точноста, прецизноста и исполнителноста ги ценам многу- мултитаскинг и воркохолик е карактерно! И упорна - не се откажувам, кај мене не постои не може само не сакам“
ЖМ. Сте живееле на многу места надвор од Македонија. Кои земји би ги издвоиле како ваш фаворит за шетање па и за живот... А, како беше животот посебно во Барселона?
- Мој фаворит е Шпанија - тоа е земја на контрасти, на море, планини, различни култури, се зборуваат 4 јазици, преубави градби, градови и мали места стилот на животот е хедонизам и навистина знаат да уживаат. Животот во Барселена беше преубаво искуство за мене кое ме научи дека не е сѐ во работата. Не се навикнав на сиестата - подолг одмор за ручек, меѓутоа дружење, многу културни настани и прослави, уметност и поврзаност за каталанската култура...
Нешто што научив е дека квалитетот се цени и признава без разлика од каде и да доаѓате. Кога прв пат отидов во Чешка тоа беше 1998 година и не беа многу напредни. Сега сѐ е променето, стандардот е зголемен.
ЖМ. Дали во дел од земјите имавте работни ангажмани и што најмногу научивте кога е во прашање животот воопшто?
- Нешто што научив е дека квалитетот се цени и признава без разлика од каде и да доаѓате. Кога прв пат отидов во Чешка тоа беше 1998 година и не беа многу напредни. Сега сѐ е променето, стандардот е зголемен, сѐ е реновирано, изградено, инфраструктира, патишта, се негува традицијата на одење во театар, се спортува, се сака државата и се вложува во едукација. Политиката не е составен дел на многу и не се гледаат вести секој ден три пати.
*Со амбасадорката на САД- Ангела АгелерЖМ. За вас многумина ќе речат дека сте голем пријател! На што се темели вашето пријателство токму денес кога некако вредностите се изместија?
- Моите пријатели во Македонија се претежно од средношколските денови и тие сеуште траат. Иако јас живеев надвор од Македонија, секогаш имав време да ги организирам годишнините од матурите и наоѓав време за моите пријатели. Многу пати наоѓам решенија за нивните проблеми и се трудам да ги ислушам и да помогнам и знаат дека може да сметаат на мене секогаш. Во исто време, тука ми се и стекнатите пријатели од други држави од универзитетските денови кои сега живеат во разни држави и се трудам да се гледаме и дружиме колку што времето дозволува.
Луѓето немаат повеќе време и за жал технологијата зазема многу од тоа време - да се испие и еден пијалак со пријателите треба да се договара однапред- повеќе се дружиме сите виртуелно. Кога бевме млади немаше мобилни телефони - нешто што денешната младина нема да го разбере, вредностите се изместија некако, на жал.
*Со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју ЛосонЖМ. Што најпрво помисливте кога ви сооштија дека ќе бидете Министерка?
- Тој ден беше долг и напорен. бевме 12 часа во Собранието, искрено тоа беше чувство на возбуда и во исто време голема одговорност! Помислив што сѐ треба да се промени, а следниот ден немам ни канцеларија каде да одам.
ЖМ. Кои се вашите следни чекори во поглед на вашата нова функција? Дали нештата треба многу да се менуваат?
- Ситуацијата со енергетика е многу лоша - тоа е реалноста, мора да се работи многу, вредно, искрено, да се биде транспарентен и да се направи нешто за Македонија кое ќе остане и за следните генерации. Ова е крајно време да се направат промени, да се покаже и докаже дека ќе има вредносен систем, а не партиска припадност и да ги цениме и нашите кадри! Не може наши кадри да се признаваат во ЕУ и светот, а овде бидејќи нема соодветен закон, секој да објавува и да зборува што сака. Професионализам во сите сфери треба да е присутен и сите да имаат ниво во својата работа.
ЖМ. А, каква сте приватно, без обрврски, без стрес, без работна агенда? Што претпочитате да правите, што најмногу Ве исполнува?
- Најмногу сакам да патувам, да запознавам нови култури, земји и да видам како живеат луѓето на целата земјина топка. Исто така, јас сум летно дете па земјите со плажа, море и сонце се некако на приоритетните листи.
ЖМ. Кој дел од Македонија Ви буди најмногу спомени и зошто?
- Морам да признам дека до сега ги запознавав далчните земји и не сум ги посетила сите убавини на Македонија, ама имам план и за нашите убавини. Како мала, секое лето после море со мојте баба и дедо одевме во Охрид, долгите прошетки на Самоилова тврдина и покрај Канео ги паметам, Охридскиот ѓеврек, најубавите цреши и вкусната пастрмка веднаш ме навраќаат во детството. Дебар маало и мирисот на липите ме потсетува на средношколските денови...
ЖМ. Каква е жената во македонското општество денес?
- Сѐ уште не е застапена колку што е потребно, за поздравување е што имаме жена претседател меѓутоа, од 20 министри имаме само 3 жени министерки. Мора да имаме повеќе жени директорки, членови на управните одбори бидејки цврсто верувам дека (да не се навреди машкиот пол) во многу случаи жените се исклучително способни само треба да им се даде шанса. Секогаш ја цитирам Маргарет Тачер - If you want something said, ask a man; if you want something done, ask a woman (Ако сакаш нешто да се каже, прашај маж; ако сакаш нешто да се направи, прашај жена)
Небојша Толески