Наставата стартува утре: Родителите во хаос, незадоволства и кај поддржувачите на онлајн настава

Проблемите на родителите се се' побројни.

Одлуката, дека ќе се овозможи спроведување на онлајн настава преку Национална платформа, не значеше крај за проблемите пред кои се исправија родителите, особено оние кои поддржуваат онлајн настава, и покрај тоа што првично беа задоволни од одлуката.

Родителите во групата насловена „Поддршка за онлајн настава во учебната 2020/21 година“ секојдневно ги споделуваат проблемите на кои наидуваат деновиве.

Иако сме за онлајн настава, синчето ми е прво одделение, учителката денес во групата ни го напиша следново:
Овие и овие ученици се со подигање на печатен материјал.
За овие ученици, секој понеделник родителот ќе го подига материјалот и ќе добива објаснување за работата.

На моето прашање:
Учителке значи според пишаното велите дека дечињата кои се онлајн, всушност нема да се онлајн?

Го добив следниот одговор, цитирам: Што не ти е јасно? Убаво објаснив доколку сакате друг наставник да ви држи онлајн настава, можете слободно да се приклучите. Работното време ми започнува во 7 часот и завршува во 15 часот и петте часа што ги работам дома за подготовките за следниот ден, ги надминува работните часови за еден ден, според тоа не можам држам онлајн настава“ - изгледа објавата на еден од родителите кои се изјаснија за онлајн настава, истакнувајќи дека залудно се правеа напори за дечињата со кревко здравје.

Други пак, родители на првачиња, прашуваат дали некој има известување за онлајн наставата бидејќи нив учителката не ги известила ништо.

Трети немаат корисничко име за најва на Националната платформа. Четврти уште водат расправии за конфигурациите кои треба да ги имаат компјутерите за да можат да следат онлајн настава преку платформата.

Еден од поголемите проблеми е што децата, особено малите не можат сами да се снаоѓаат на компјутерите, односно да се најават на платформата, да вклучат камера, микрофон, и сл.

Па има и такви кои даваат совети за родителите кои ги оставаат децата дома сами бидејќи мора да заминат на работа, посочувајќи дека од голема корист е инсталирање на Team viewer - апликација преку која ќе можат родителите да им подесат се што е потребно на децата, од работа.

Некои родители пак предлагаат да биде ослободен од работа еден родител на деца до четврто одделение.

Од друга страна ситуацијата во „Иницијатива на родители за учебната 2020/21 година“ каде родители се залагаат за настава со физичко присуство ситуацијата е поразлична, таму (покрај сите нефункционалсности со кои се соочија деновивие при тестирањето на Националнта платформа во кое требаше да учествуваат сите ученици без разлика како понатаму ќе следат настава), има најави од училиште за бојкот на онлајн наставата, потоа коментари од типот моето дете без маска ќе оди на училиште, имам три деца кои треба д аследат онлајн настава, а еден компјутер, итн.

„Навистина ми е жал за сите случувања што длабоко ги засегаат нашите деца. Јас сум самохрана мајка на три деца кои принудно треба да учат од дома. Никој не ме праша како ќе им го овозможам божем бесплатното, ем задолжително образование. Доколку не постапам по оваа директива јас ќе одговарам пред законот“ - гласи еден од коментарите во низата.

Она што привлече најмногу внимание е објавата на родител, како изгледа кога неговото дете кое оди во четврто одделение, се обидува да се вклучи онлајн за настава, а оставено дома со баба му, која нема никакво познавање од компјутери. 


Р.Ж.М