Наставничка, медицинска сестра, готвачка: Како би изгледало CV на една жена која во текот на денот е - само мајка?

Добивај вести на Viber

Сите знаеме дека да се биде мајка не е лесна работа. Тоа се 24 часа, 365 дена во годината и нема одмор. И да, нема споредување.

Поради тоа Сиднеј Вилијамс - мајка со полно работно време, одлучи дека е време да примени многу работи што ги научила додека ги воспитувала своите синови и сето тоа да го стави во нејзината биографија. Вилијамс, глобален директор за маркетинг на „Џенерал електрик“, го создаде “Mom Resume”  како експеримент.

Како што објаснува во објавата на LinkedIn, таа била љубопитна за тоа како би изгледала биографијата со „само вештините што ги научила како нова мајка“.

„Еве што напишав“, додаде таа. „Јас правам сè што правиш и ти, но со една рака.

Додека работи, користи само една рака затоа што во другата го држи бебето.

 „Јас го држам она што ми е најважно со сета сила што ја имам во едната рака, додека жонглира со милион дневни задачи во другата рака“.

Секој ден мора да размислува по десет чекори однапред.

 „Секој ден ми претставува загатка - се занимавам со стратегија, вештини и чиста среќа”, објасни таа.

 И, сето тоа го прави со позитивен став, без оглед колку е тежок нејзиниот „тим“.

 „Јас сум водена од сочувство, слушам дискусии и охрабрувам решавање проблеми преку компромис“, напиша таа.

Флексибилна е како и многу родители. Вилијамс се справува со различни улоги - таа е наставник, медицинска сестра, шивачка, преговарач за заложници, преведувач, инструктор за пливање.

 „Мојот тим е на прво место“, додаде таа.

 Среќна е затоа што наоѓа радост и љубов во својата работа.

 Вилијамс вели дека ја напишала својата биографија поради пандемијата.

Неодамнешното соопштение за медиумите од Националниот правен центар на жени ги цитираше реалните бројки на жени кои ја напуштиле својата работа поради сегашната светска медицинска криза.

„Во јануари 275.000 жени ја напуштија работата. А, вкупниот број на жени кои ја напуштиле работата од почетокот на пандемијата достигна над 2,3 милиони, додека процентот на оние кои работат или активно бараат работа е 57% “.

Сега овие жени ја извршуваат двојната должност на згрижувачките мајки и бараат работа или се обидуваат да ја извршат од дома додека се врзани за куќата и за децата 24 часа на ден, 7 дена во неделата. 

„Не мислам дека улогите што ги играме се доволно ценети“, изјави Вилијамс за „Добро утро Америка“.

„Тоа беше нешто за што долго размислував и кога седнав да пишувам, зборовите се соединија“, рече таа.

Вилијамс никогаш порано не објавила нешто на LinkedIn. Не можела ни да замисли дека нејзината објава ќе стане вирална. Таа за „Добро утро Америка“ изјавила дека реакциите на другите жени биле многу трогателни:

 „Одлучив да одморам. Нервозна сум од одењето на работа и ова ми даде перспектива и поинаков начин на размислување за вештините што ги имам и како да ги претставам “.

 Имаше и многу мажи кои одговорија на овој пост:

 „Јас ги почитувам и ценам мојата сопруга и ќерка.

Вилијамс конечно кажа: „Постојат различни ставови за тоа што значи да се биде мајка и постојат различни начини да се преиспитаат вештините што ги имаме како мајки“.

Вилијамс се чувствува среќна затоа што запознала други зафатени мајки на кои може да им се обрати кога работите ќе станат тешки.

„Се чувствувам многу среќно што работам со други мајки кои се искрени за своите чувства. Создадов одлична врска со нив од сите сфери на животот и тоа е најголемиот подарок за пандемијата за мене затоа што овие врски се многу важни “.


Извор: Лоламагазин.ком

Foto: freepik.com