„Наташа Беквалац подолго избира песни отколку сопруг“: Пејачката зад себе има три брака, со оваа објава насмеа многумина
Беквалац се пошегува на своја сметка
Поп-пејачката Наташа Беквалац зад себе има три неуспешни бракови, а сега со една фотографија ги насмеа сите.
По разводот со поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, со кој ја има ќерката Хана, се омажи уште два пати, а со последниот сопруг Лука Лазукиќ ја има наследничката Катја.
Пејачката е многу спонтана, духовита и природна и често се шегува на своја сметка, а сега на Инстаграм објави фотографија која изненади многумина.
-Наташа Беквалац избира песни подолго од сопруг. Затоа и траат подолго од нејзините бракови, се вели во објавата која, која пејачката ја сподели и напиша:
-Дефинитивно точно“.
Да потсетиме, физичкиот изглед на Наташа Беквалац, откако се појави на јавната сцена, секако е едно од нејзините „најмоќни оружја“.
Пејачката во последните две години ја доведе својата линија до совршенство – иако признава дека генетиката игра голема улога во нејзиниот изглед, Ната признава дека дисциплинираниот однос кон храната е заслужен за нејзиниот изглед по 40-тата година.
-На мои години веќе не станува збор да можам да јадам што сакам и кога сакам или воопшто да не вежбам. Пред 15 години можев да кажам дека тоа е само мојата генетика, но сега работите се сменија. Секој ден имам точен план – знам каква храна да јадам, колку вода да пијам и колку вежбам. Морам да бидам во топ форма во секое време. Ако пропуштам 10 дена вежбање, тоа многу го забележувам – изјави таа за ТВ Курир.
Од своето мени отстранила печива, компири, соја, грав, боранија, тестенини, грашок, ориз, грицки, слатки и сокови, таа изгубила 10 килограми за еден месец.
Овошје јадеше само во недела, а и беше дозволено секакво месо, сè додека не е претерано масно.
Наташа не се откажала од јајца и млечни производи, но признала дека не јадела многу сирење или фета сирење.
Фото:Инстаграм