Наташа е Србинката со најголем задник во светот: Месечно јаде по 6 килограми крем и со колкови од 2 метри крши кревети, столици и луѓе

Добивај вести на Viber

Наташа Краун е една од најпознатите шведски плус сајз модели. Интересно, оваа девојка е по потекло од Србија, а манекенската кариера ја градела во далечната Скандинавија.

Наташа, која по потекло е од Србија, иако живее и работи во Гетеборг, е висока само 155 сантиметри и тешка 135 килограми. Таа истакнува дека нејзин модел е Ким Кардашијан, а тврди дека го зголемува задникот за да се чувствува „секси и моќно“. Имала три бразилски операции за зголемување на задникот и сега обемот на колкот и е 198 сантиметри.

Нормално троши повеќе од 6.000 калории дневно за да ја зголеми својата маса, деновите ги поминува конзумирајќи пици и слатки, а признала дека може да јаде повеќе од шест килограми чоколаден крем месечно. Сепак, пластичните операции секако се главниот виновник за нејзиниот монструозно голем задник.

„Мојата трансформација шокираше многу луѓе. Се здебелив многу, но морам да се здебелам уште 25 килограми. Тешко е да се одржи ова тело. Мора да јадете многу, околу 6.000 калории дневно и мора да вежбате многу“, изјавила таа во една прилика.

Со естетски зафати почнала на 20 години, а колку се променила најдобро покажуваат нејзините стари фотографии - на кои сè уште била природна и изгледала нормално.

Денес Наташа заработува со продажба на фотографии и видеа од своето тело и задник на обожавателите ширум светот, а можеби звучи апсурдно, но таа всушност ги има. Само на Инстаграм ја следат повеќе од 2 милиони луѓе!

„Не мислев дека е можно да се заработи на овој начин, но сега гледам дека тоа е можно. Порано кршев столици, кршев кревети, кршев луѓе. Од секогаш бев поинаква“, вели Краун.

Таа додаде дека мисли дека е позитивен пример, бидејќи покажува дека има различни луѓе низ целиот свет.

„Во Шведска жените мислат дека мора да изгледаат убаво, но мислам дека луѓето треба да видат како треба да изгледаат вистинските жени“, рече таа.

Фото: Инстаграм
Извор:Zena.blic.rs