Научникот Виктор Груев создаде камера која ќе помогне во целосно отстранување на карциномот
Се работи за нова камера која на хирурзите им дава поглед на канцерот како со очи на пеперутка, пренесува публицитет.мк.
Националната фондација за наука во САД веќе ја селектира работата на Виктор Груев. Следува специјална презентација на најновото откритие во Американскиот конгрес и во Белата куќа. Оваа нова технологија е 1000 пати помала, 1000 пати поевтина и 1000 пати по осетлива од врвните инструменти кои се користат во моментов при операции на карцином.
Истражувачите од Универзитетот во Илиноис во Урбана-Шампеј и Вашингтонскиот универзитет во Сент Луис развија хируршка камера инспирирана од окото на морфо пеперутката. Малата камера, поврзана со очила кои ги носат хирурзите ги гледа инфрацрвените сигнали што ги даваат боите за врзување на туморот, така што хирургот може да го пронајде и отстрани целото канцерозно ткиво.
Камерата беше тестирана кај глувци и кај пациенти со рак на дојка. Студијата беше објавена во списанието Optica.
"Согледувајќи го начинот на кој природата ги создала визуелните системи на инсектите, можеме да ги решиме сериозните проблеми кои постојат со операцијата на ракот денес и да се осигураме дека нема да има остатоци од рак за време и по операцијата", рече лидерот на студијата Виктор Груев, професор на Универзитетот во Илиноис специјализиран за компјутерски инженеринг и на Колеџот за медицина на Carle Illinois " . Оваа технологија е почувствителна, поточна, многу помала и поевтина од достапните инструменти кои се одобрени од надлежните власти во Америка за откривање на овие сигнали".
Извор: публицитет.мк