Не беше лесно, но се исплати: Дарко Илиевски слави пет години во Америка

Добивај вести на Viber

Македонскиот пејач Дарко Илиевски веќе пет години како живее и работи во Америка, на Флорида. Тој откако се ожени, го напушти светот на музиката и замина далеку од дома за подобар живот.

Заедно со неговата сопруга Ивана го добија синот Матео, а пејачот споделува приватни фотографии од неговото семејство со своите следбеници.

Во 2021-ва година, Дарко се здоби и со американско државјанство за кое беше посебно среќе, а сега пак кога прославува 5 години од своето пристигнување во Америка тој посебно ѝ се заблагодари на својата сопруга Ивана и напиша: 

„Поминаа 5 години!!! Како вчера да дојдов во Америка. Фала ти @_therealivy_ за целата поддршка што ми ја даваш низ овие години! Не беше лесно но се исплатеше! Единствено за кое што би се покајал би било тоа што не сум се родил овде!“

View this post on Instagram

A post shared by Darko Ilievski (@ilievskidarko)