„Нe беше ниту крвав, ниту каллив, ниту мокар“: Сведочеше братот на Марјановиќ, раскажа како се однесувал Зоран дента кога Јелена исчезна

Добивај вести на Viber


Милош Марјановиќ, братот на Зоран Марјановиќ, кому му се суди за убиството на неговата сопруга, пејачката Јелена Марјановиќ, денес пред судот во Белград изјави дека на 2 април 2016 година телефонски му се јавил брат му да дојде на насипот, во Црвенка кај Борча и дека Јелена исчезнала.

- Изгледаше загрижен. Рече дека со Јелена и детето отишол на насипот, отишла да трча и дека ја нема, дека не можел да ја најде. Му одговорив дека татко ми отишол во продавница со мојот автомобил и дека ќе дојдеме штом се врати – изјави Милош Марјановиќ одговарајќи на прашањата на судијката Ивана Рамиќ.

На прашањето дали претходно имало слични ситуации, тој рече дека вакво нешто досега не се случило.

- Судијата: Дали сте блиски со вашиот брат, дали сте инаку загрижени за вашето семејство?

- Милош Марјановиќ: Блиски сме, семеен човек е, нормално се грижи за семејството.

- Судијата: Дали бевте загрижени?

- Милош Марјановиќ: Сè уште не ја разбрав сериозноста на ситуацијата, бев умерено загрижен.

Потоа објасни дека последен пат ги видел Зоран, Јелена и нивната ќерка заедно во куќата кобниот ден и оти заедно отишле да трча. По повикот на брат му, тој и неговиот татко отишле на насипот и заедно се обиделе да ја најдат.

- Кога стигнавме јас и татко ми, Зоран беше таму со детето, таа тогаш имаше пет години, не разбираше што се случува, но беше загрижена – рече тој.

Сведокот објасни дека таткото и Зоран Марјановиќ потоа го однеле девојчето дома, дека во потрагата им се придружил и пријател и дека ја известиле полицијата. На прашањето на еден од бранителите, адвокатот Александар Зариќ, дали забележал дека Зоран е крвав, каллив или влажен, тој одговори:

- Не беше ниту крвав, ниту каллив, ниту влажен

Инаку, синот на Зоран од првиот брак, Урош Марјановиќ и денес го искористи законското право да не сведочи.

Не се појавила снаата на Зоран, сопругата на Милош Марјановиќ, а адвокатката Зариќ доставила документација дека имаат 10 месечно бебе и дека нема кој да го чува, како и дека детето неодамна се здобило со повреди на главата.

Инаку, на суд со повредена лева рака дојде и Милош Марјановиќ.

Продолжението на судењето е закажано за 4 јули, кога повторно ќе биде повикана Милица Марјановиќ, како и Ленка Ѓорѓевиќ, тогашната учителка на петгодишната ќерка на Јелена и Зоран, како и Вера Вукоманиќ, кумата на семејството.

Фото:Инстаграм