Не, благодарам, среќно сум заљубен - ѝ рекол Швајнштајгер на Ана Ивановиќ: Вака започна нивната љубовна бајка

Дека вистинската љубов секогаш го наоѓа својот пат, се доказ и Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер. 

Откако се појави во светот на спортот, тенисерката ги освои сите со својата убавина, талент и однесување. Ја посакуваа многу мажи, но првиот состанок со германскиот фудбалер не помина многу лесно, пишува lepa&srecna.

Филмот, кој беше прикажан во чест на Бастијан кога ја заврши фудбалската кариера, го опишува моментот на нивното запознавање.
„Не, благодарам, јас сум среќно заљубен“, ѝ рекол Германецот, кој беше во среќна седумгодишна врска со Манекенката од Минхен, Сара Бранднер. и сите очекуваа дека тие ќе се венчат, но раскинаа во 2014 година. Причината беше откриена подоцна - Бастијан лудо се вљуби во Ана.

Како всушност се запознале, Ана и Басти, за германски „Билд“ откри тренерот на кошаркарскиот клуб Баерн, Светислав Пешиќ.

„Мојот пријател Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ се во емотивна врска, ги запозна ќерка ми Ивана (која инаку е во брак со германскиот кошаркар Јан Јаглу.) Нека се сакаат и држат за рака“, вели Пешиќ. 

Љубовниот живот на Ана го обележаа неколку врски: со тенисерот Марко Стилитано, голферот Адам Скот и славниот шпански тенисер Фернандо Вердаско. Сепак, таа посака само со Бастијан да се заколне на вечна љубов.

Тајната свршувачка беше проследена со венчавка од бајките во Венеција на 12 јули 2016 година, а свадбената церемонија ја следеа над двесте медиуми од целиот свет.

Родителството го збогати нивниот живот од соништата. Во март 2018 година го добија синот Лука, а во август 2019 година добија уште еден син, Леон.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)


Ниту Ана, ниту Бастијан не кријат колку се благодарни што се најдоа еден со друг, па затоа честопати си посветуваат емотивни зборови на социјалните мрежи.

извор:stil.kurir.rs

Поврзани вести:

-Ана Ивановиќ: Никогаш не е лесно да кажете збогум
-Домот на Ана Ивановиќ е вистински рај: Може ли да погодите кое е нејзиното омилено катче?
-(ФОТО) Семејно уживање на јахта: Тенисерката Ивановиќ со семејството одмараат на Мајорка
-4 комбинации за помалку од 4 минути: Ана Ивановиќ воодушеви со модни предлози за преодниот период
-Здрав чоко-банана десерт по рецепт на Ана Ивановиќ: Брза подготовка и совршен вкус