Не е логично самата да се фалам и да зборувам за мене во трето лице: Тамара негира дека статусот кој го сподели го напишала таа
Тамара Тодевска е вознемирена поради тоа што извесен коментар кој таа го сподели на нејзиниот Инстаграм профил, дел од јавноста го протолкува како таа да го напишала.
Поп-ѕвездата сподели Фејсбук статус од 2019 година, за кој вели дека не знае ниту кој го напишал, и вели дека ѝ е чудно како можел некој да помисли дека го напишала таа, а коментарот за неа зборува во трето лице.
-Цела ноќ и сабајле читам коментари, статуси на Фејсбук и Твитер. Едни пресреќни, други псујат што не сме победиле (а богами бевме бољи од онаа лошата копија на Колдплеј или што би рекла Ивана – Колдплеј за сиромашни.Girl, let me tell you something… Не знам дали забележавте, ама името на оваа земја е Северна Македонија. Тоа е факт, без разлика дали нѝ се допаѓа или не. Така требаше да биде, така бидна.
Македонското во нас никој не може да нѝ го одземе. Но, синоќа покажавте дека сепак можело. ВИЕ што хејтате, голем дел од дијаспората (секоја чест на исклучоците) и слични малоумни коментари, покажаа дека сами си го одземате она што е македонско во вас.Синоќа само еден народ беше против Македонија (северна, источна, каква сакате). македончето.Со мала буква е македончето, ситно, зајадливо, љубоморно, зло бно. Затоа што Македонците гласаа и се радуваа. македончето од својата глувчешка дупка хејташе.
АЛО БРЕ! Стручно жири на Велика Британија нѝ даде 12 поени. Знаете ли која е Велика Британија?Не е Тереза Меј, не е Брегзит, не е Меган Маркл… Британија е земја на Depeche Mode, Jpy Division, Queen, Stone Roses, The Beatles, Cure, Oasis, Smiths, Rolling Stones, Pink Floyd, Radiohead, Led Zeppelin…
А вие кои сте за да не гласате
за одлична песна и уште подобра пејачка?
Не ви се допаѓа Северна? Обвинете ги политичарите.Демек
ја казнивте Тамара (голем уметник и квалитет) затоа што настапила за Северна
Македонија? Нормални ли сте? Од утре казнете ги банките што се во Северна па не
ја подигнувајте платата, казнете ги училиштата и не ги праќајте децата во
школо, казнете си ги фирмите кај што работите и не одете веќе на работа…
„Казнувате“ уметност поради политика. Невидено!Социјалните
мрежи ви дадоа глас, па сега лупате глупости триста на саат. Ништо вие не
казнивте. Не можете да нѝ ја одземете радоста за успехот на Тамара! Не можете
да ми ја одземете синоќешната вечер со пријателите во која викавме и урлавме на
секој добиен поен, да не зборувам за 12-ките и десетките.Таа радост, таа позитивна енергија, таа среќа што ретко ја
доживуваме во толкав интензитет сите одеднаш“, е Фејсбук
статусот напишан од нејзин поддржувач преклани, когаа таа со песната „Proud“,
го освои седмото место на Евровизија во Тел Авив, и со тоа на Македонија ѝ го
донесе најдобриот успех на Евровизија досега.
-Тоа не се мои зборови. Не можам самата себеси да се фалам и да зборувам во трето лице за мене, нема логика“, изјави Тамара за Женски магазин. Ми се појавија во спомени на Фејсбук, ми дојде убаво и ги споделив. Не сакам ниту да се замерувам ниту да се карам со никого, тоа никогаш не сум го правела, едноставно не сакам јавноста да мисли дека ова се мои зборови, кога е очигледно дека е друг нивниот автор“, ни рече пејачката.
Таа периодов е често на кејот на Вардар, каде што трча секое утро, а добар дел од денот поминува и во теретана.
Тамара сака својата форма да ја доведе со совршенство, а има и добар повод за тоа, кој ни го откри:
-На 29 мај снимам спот за новата песна, се вика „Порок“. Едвај чекам да ја споделам со мојата публика“, ни рече Тамара и најави дека летово подготува едно големо и убаво изненадување.
М.Џаровска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска